Толку снимки и сниматели се појавија денеска, да просто човек не може а да не стане или остане параноичен. Неовластено се снима секаде и во јавни и во приватни сегменти. Снимањето ги расветлува ситуациите, особено ако е неовластено односно без дозвола. Сосема е поразлично однесувањето на луѓето кои знаат дека ќе бидат предмет од некоја снимка и дека некој таа снимка ќе ја прегледа, а друго е однесувањето кога мислат дека се во приватен простор и само оној кому му дозволуваат го следи нивното однесување. Во првиот случај имате социјално пожелно однесување, луѓето го кажуваат она што е општоприфатено, што е согласно традицијата, моралот и религијата во нивното опкружување, а во вториот обликот на комуникација е прилагоден за помал број на луѓе и согласно тоа е поличен. Да не беа неовластените снимки, немаше да дознаеме многу работи. Но ако барем малку се почитуваше човековото право и туѓото достоинство немаше да имаме пандемија од снимки и на оние кои не го опфаќаат јавниот интерес и служат само за манипулација, контрола и држење во рака.
Благодарение на снимките, но и на јавните изјави можеме да ја согледаме актуелната состојба во Македонија.
-
Од нив дознавме:
Кој со кого се швалерисува,
Кои се воајерите од „Јавна Соба“,
Кои се егзибиционистите од „Јавна соба“,
Кој како се ондади,
Кој какви гради има,
Кој какви полови органи има,
Кој сака да се слика гол.
-
Дознавме и дека:
Знае Катица,
Умее Боки,
Не се може без Зоки,
Зоки и Јово се смириле и договориле,
На Врховен Суд веќе се донесени одлуките.
-
Во меѓувреме:
Рада се искурчи со повик „да се најде тој маж“ што ќе ја раскине
Врската со Грција поставена преку „Преспанскиот договор“ после ратификувањето на договорот со НАТО од неколку земји членки.
Христијан Мицкоски падна пред ултиматумот на Рада – Не сака да менува реалност кога е во прашање уставното име, но е против актуелното уставно име и „јак“ му е отпорот.
Стево Пендаровски ќе го враќа името со дво третинско на Собрание по влезот на Македонија во НАТО чисто за конта на Рада.
Ѓорчев гласа „ЗА“ законот за служба на армијата на РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА а токму Нола Исмајловска го демистифицира тоа и го критикува Ѓорчев за тоа што изгласал СЕВЕРНА.
Александар Николовски изјавува дека со „бомбите“ треба да се заврши и да се создаде примирје со СДСМ.
Неколку дена после таа изјава на Николовски, Антонијо Милошовски емитува корумпирачка аудио снимка за мешањето на Заев во судството секако нели доставена од анонимен укажувач.
Целото истражувачко новинарство во Македонија се темели на снимки и сознанија од свиркачи и анонимни укажувачи.
Во секој ќош се прават фотографии без дозвола и сознание на фотографираниот.
Од секоја страна некој снима, сече, лепи и монтира.
И се тоа спаѓа во јавен интерес затоа е исклучена можноста некој за тоа да одговора.
Сите снимани за едно големо ријалити шоу во кое владее кич, промискуитет, оргијаштво, воајеризам, егзибиционизам, голотија, фарса, лажен сјај, фејк партиско другарство, кодошење и обвинување, јавна предигра помеѓу партиските опоненти и секако снимателите кои се анонимни и секогаш зад камерите и кои како во порно филмовите, ништо не пипаат и не учествуваат, само гледаат и пренесуваат.
Ако на некој му е јасно кој, со кого, што, како и зошто блазе си нему.
Пишува: Стојмановиќ Магдалена
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.