Светот го зафаќа нов феномен - наречен инфлуенсерство. Сите инфлуенсери ја претставуваат дефиницијата за инфлуенсерството, само на Балкан инфлуенсери се жени со големи гради и мали мозочиња.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 8 март, 2020 22:11

Од ороспиите направивте инфлуенсерки, а од чесни интелектуалци – клошари

Фото/Текст извор: ©магазин

Според етимолошката дефиниција, инфлуенсерство значи „влијание кое еден човек го има врз друг човек или друга група на луѓе“. Зборот води потекло од англискиот збор „influence“ и во буквален превод значи – влијание. Влијанието, пак е социо-психолошка категорија и ја означува моќта што поединец ја има врз предизвикувањето на псхички, физички или општествени промени кај другиот или кај другите. Во последните неколку години во литературата, но и во колоквијален контекст често ќе го сретнете зборот „инфлуенсерство или инфлуенсер“ во употреба. Но, како што на Балканот се добива поинаква димензија и се прекршува како сноб од светлина помешан со призмата на домицилните разбирања и вредности, така и овој збор го губи своето вистинско значење.

 

Боки 13 и Лила Филиповска важеа за главни инфлуенсери во Македонија. Се додека не се случи аферата „Рекет“.

Светските инфлуенсери се политичари, новинари и луѓе кои се маркетинг експерти. Нивното влијание е резултат на добра подготовка, експертиза и пред се образование. Тие вршат влијание во поглед на разјаснување на проблемите, на предочување на реалноста и се стручни во нивните анализи и пристапи кон одредена тема. Во Македонија „инфлуенсерки“ се жени кои имаат по илјадници „лајкови“ на своите фотографии овјавени на социјалните мрежи, пред сè инстаграм. На нивните фотографии можете да видите деколте кое е во преден план, големи гради или евентуално испакнати задници. Ако фокусот на фотографијата е лицето на дотичната, тогаш во преден план се секако нејзините усни, кои ако не се силиконски се толку нацртани и надоградени да буквално изгледа како да „сисала весла“ цел ден. Баш од греота девојчево.
Инфлуенсерките не ретко ги користат своите Инстаграм профили за да ја прикажат убавината на животот. Нивните фотографии се направени на егзотични места, покрај мориња, се фотографираат на журки или во елитни ресторани каде што пијат скапи вина, или „Моет“. Во сите контексти „Моет“ се спомнува како врвот на нечиј успех. Луѓе се фалат дека пијат скапи алкохоли. Замислете како тоа изгледа, се фалиш дека пиеш алкохол кој е скап. Како ефтиниот да не те пијани доволно. Алкохол, ко алкохол, намената му е иста, да ти предизвика промена на свест. Златна прашина да има во „Моет“ луѓе кои ќе се опијанат од него ќе се понашаат идентично со оние кои ќе се опијанат од ракија. Ама од пијан човек и будала бега. Додека нашите инфлуенсерки се фалат со своите пијалоци и пијанства, нивните баби по дома се срамат од таквото однесување. Србите викаат „Од чега се паметан стиди, будала се поноси“.

Инфлуенсерките во Македонија не покажуваат ништо, тие се буквално слика без тон. Ниту од нив можете да слушнете некаков став во врска со некоја тема, зафрканција, хумор, тие не одговараат никому, нивните профили не служат за контакт и комуникација со други луѓе. Профилите на инфлуенсерките служат само и исклучиво да ни покажат нам како треба да се живее еден живот.

Какво влијание имаат тие врз своите следбеници?

Една просечна македонска жена која се убива од работа за плата од 200 евра, посакува да го живее животот на инфлуенсерката. Поради ограничените можности, таа е вечно незадоволна. Неа и е виновна државата поради лошиот стандард, сопругот што не е побогат да и приушти патувања, виновни и се пријателките бидејќи не се „ин“ или „модерни“. Се околку неа е виновно за нејзиниот промашен живот. Девојчињата кои се идентификуваат со инфлуенсерките, пак, сонуваат да бидат како нив кога ќе пораснат. И бидејќи нивните инфлуенсерки презентираат лесен и убав живот, нив на памет не им паѓа да си ги испотат газињата и да заработат за таков живот. Напротив, во најдобар случај богато ќе се омажат, во најлош случај ќе бидат швалерки на менаџери на локали или некои локални директорчиња кои ќе им ги плаќаат скапите излегувања, брендираната облека или силиконската уста.

Такво влијание имаат само нашите инфлуенсерки. Од друга страна луѓето кои се интелектуалци пар екселанс немаат веќе влијание врз никој. Тие се затворени во своите кабинетчиња и глумат научници со цел да го сочуваат барем малку своето лично достоинство.

Автор: Стојмановиќ Магдалена

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...