Лила рече дека биле тргнати за Миконос, но нажалост одморот не се реализирал.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 јануари, 2020 14:47

Лила: Секогаш сама си плаќам се, тогаш тргнавме на Миконос, но одморот не се реализираше

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска за случајот Рекет, сведочеше познатата македонска водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска. Како што и претходно беше откриено за јавноста, Лила потврди дека дента кога Боки 13 беше уапсен, таа заедно со него и новнарката Анета Кочишки биле тргнати на одмор на Миконос.

Лила рече дека биле тргнати за Миконос, но нажалост одморот не се реализирал.

На прашањето од судијката кој го платил овој луксузен одмор, Лила остро одговорила дека таа секогаш носи пари со себе, никогаш не чека друг да и плаќа нешто, па ниту одморот кој ако требало да се плати ќе го платела самата.

Лила Филиповска денеска сведочеше за случајот Рекет…

Лила претходно сведочеше дека повеќе не се пријатели со Боки 13 и дека има причина зошто е тоа така.

„Не сме скарани, но не сме веќе пријатели со Боки 13“. Вака го почна сведочењето водителката Лила Филиповска за случајот „Рекет“ додавајќи: „Го познавам од неговата 15-та година. Бевме пријатели, па бевме скарани некое време, па се смиривме пред некое време. Сега не сме скарани, но не сме пријатели“, објавува А1он.

Лила истакна дека дала 500.000 денари позајмица на “БМЈ МЕДИА ГРУП.” а никогаш не примила пари од истата.

Сведочењето за случајот ќе продолжи со испрашување на четворица нови сведоци на Јавното обвинителство за организиран криминал. 

За денеска е предвидено да сведочат и Сања Димовска, Агапи Дика и Весна Костовска.

За потсетување, водителката Лила Филиповска, беше онаа која беше затекната заедно со Боки 13 во автомобилот кога на 15 јули Бојан Јовановски сакаше да ја напушти државата со полна торба пари.

Бојан Јовановски беше уапсен на 15 јули на граничниот премин Богородица. Тој се обиде да ја помине границата и да ја напушти државата со полна торба пари а со него биле Лила Филиповска и по претпоставка на медиумите кои тогаш шпекулираа познатата новинарка Анета Кочишки.

Ова не е прво сведочење за Лила, таа во судницата се појави и на 2ри, септември 2019 година.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести