Доколку до крајот на септември пак не се договорат со МОН за висината на накачувањето на платите, тогаш велат ќе размислуваат и за генерален штрајк.

Објавил: Весна Петровска | 1 септември, 2019 18:46

АНАЛИЗА: Еве колкави се платите на наставниците

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

СОНК за утре најави предупредувачки штрајк во училиштата.

Ќе дојдат на работа, но нема да држат настава и да примаат ученици. Штрајкот ќе трае само тој ден. Во вторник ќе почнат да држат настава – велат од Синдикатот за образование наука и кулутра.

Доколку до крајот на септември пак не се договорат со МОН за висината на накачувањето на платите, тогаш велат ќе размислуваат и за генерален штрајк.
Барањата на СОНК се да добијат 25 насто покачување на платите, бидејќи како што посочуваат, платите на просветните работници во моментов се далеку испод националниот просек.

И додека наставниците остануваат на ставот дека нема да држат настава, Министерот за образование ги повика учениците да дојдат во училиштата на првиот училишен ден. Адеми вели дека нема потреба ниту за предупредувачки штрајк, бидејќи тврди дека ќе има следно покачување на платите на просветните работници, но засега нема конкретен одговор кога и за колку ќе биде следното накачување.

Сител направи анализа за платите на наставниците. Еве колку плата зимаат просветните работици во нашата држава.

Просечната плата во секторот не е иста со таа што легнува на сметките на наставниците. Тие од основно образование имаат плата од 21.660 денари. Професор во средно работи за основна плата од 22.500 денари.

Оваа плата не ја добиваат приправниците. Тоа се младите наставници. Тие земаат по 20% помалку. Значи, во основно има наставници кои работат за нешто повеќе од 17.000 денари. Во средно за 18.000 денари.

Но, на овие суми се додава и одзема. Класен раководител добива плус 900 денари. Кај целодневната настава оваа сума ја делат двајцата наставници – значи добиваат по 450 денари.

Овие бројки се однесуваат само на наставници со полн фонд на часови. Од СОНК велат дека посебно во источна Македонија, заради партиските вработувања од една и масовното иселување од друга страна, во некои училишта има повеќе наставници од ученици. На наставниците кои немаат полн фонд на часови, за секој час што им недостига им се одземаат по 5% од платата. Голем број наставници пак, работат во повеќе училишта и патуваат десетици километри за да можат да земат основна плата.

Потрошувачката кошница за четиричлено семесјтво во јули изнесувала 32.653 денари. Значи, на наставник од основно му фалат 10.993 денари, а на професор во средно 10.153 денари за храна и сметки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...