По негативните оценки од ММФ, Светската Банка и Светскиот инвестициски фонд, Анѓушев и Филипче сеуште ја промовираат банкротираната економија како поволна за инвестирање

Објавил: Мартин Попоски | 24 октомври, 2018 9:41

Анѓушев и Филипче “оперираат” во Женева

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Владина делегација, предводена од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за здравство Венко Филипче, учествува на активности во рамките на Светскиот инвестициски форум, кој се одржува во Женева.

Настанот е во организација на Конференцијата на Обединетите Нации за трговија и развој.

Анѓушев беше дел од лидерскиот панел „Инвестициите во новата ера на глобализација“, на кој дискутираше со претседателот на Намибија, премиерите на Сиера Леоне и Камбоџа, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, како и со извршните директори на Светскиот економски форум  и на глобалната компанија Сименс.

Говорејќи на панелот, тој истакна дека во изминатиот период, преку разговори со стопанствениците е дојдено до заклучок дека за успех на бизнисот приоритет број еден е стабилност на земјата, како и владеење на правото, а дури на трето место стопанствениците ја поставуваат државната помош, односно субвенциите од државата.

Светскиот економски форум (World Economic Forum) во 2016 ја рангираше Македонија на 68 место во извештајот за глобална конкурентност пред Грција, Хрватска, Црна Гора и Србија. Денес сме на 84 место зад сите овие земји. Толку за успешноста на економските политики на оваа влада.

За обезбедување на стабилноста на земјата, како и високо ниво на владеење на правото, мала земја како Република Македонија, мора биде дел од поголем безбедносен систем. Тоа за нас значи да станеме дел од Европската Унија и НАТО. Изминатиот период Владата направи значителни чекори за да ги унапредиме односите со сите соседни држави, што е прв и многу значаен чекор кон интеграцијата во ЕУ и членството во НАТО.

Ние сме на вистинскиот пат и сигурен сум дека членството во овие организации ќе биде дополнителен стимул за инвеститорите да ја препознаат Македонија како атрактивна дестинација за нивните вложувања. –  истакна вицепремиерот.

Тој додаде дека за поттикнување на инвестициските активности во земјата Владата го донесе Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кој претставува транспарентна програма за поддршка на стопанството, со јасни критериуми и услови, еднакви за сите инвеститори.

Инвеститорите сега не мора да преговараат со членови на Владата или други лица за да добијат поддршка од државата. Доколку ги задоволуваат критериумите и условите пропишани во Законот, тие може да очекуваат поддршка од Владата за поврат на дел од направените инвестиции.

Инвеститорите исто така имаат можност да ги реализираат своите проекти во технолошко индустриските развојни зони, каде што во првите десет години може да очекуваат ослободување од персоналниот данок и данокот на добивка, како и поддршка од Владата доколку се оствари соработка со домашните компании. Странските инвестиции се значајни, тие влијаат врз статистичките економски показатели, но доколку не соработваат со домашните компании, реалниот ефект е навистина мал.

Доколку сакаме побрз економски развој, со оглед на тоа дека Македонија е земја со ограничени природни ресурси, мора да се фокусираме на развој на индустријата. Поттикнуваме извозно ориентирана индустрија, компаниите да имаат пристап до висока технологија и примена на искуствата и знаењата од развените земји. Токму преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите им даваме поттик на домашните и странските компании во земјата тенолошки да се развиваат и да станат поконкурентни. – кажа Анѓушев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...