Вработените во „Еурокомпозит“ немаат земено по 18 плати

Објавил: admin@magazin | 13 јули, 2018 13:50

Анѓушев: Решение за „Еурокомпозит“ пред консултантите да донесат заклучок

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата иако ќе потроши 240.000 евра, сепак нема да ја чека анализата на консултантите за да реши како ќе го спасува прилепски „Еурокомпозит“. Пред еден месец Генералниот секретаријат обајви оглас за избор на консултанти кои треба да и понудат на Владата три модели како да ги продаде „Еурокомпозит“, фабриката за шински возила „Колска“ и ски центарот „Попова Шапка“.

Според процедурите, консултантот кој владата ќе го плати 244 илјади треба да биде избран до крајот на месецов, а анализата до Владата треба да ја достави на почетокот на септември. Но, од кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев, сепак велат дека и покрај тоа што се чека консултантска анализа, неопходно е да се спроведе најбрза постапка за реорганизација на загубарот „Еурокомпозит“, а една од опциите е и стечај.

Владата на Република Македонија има став дека треба да се изнајде начин за спроведување на најбрза постапка за реорганизација на компанијата согласно законските прописи. Една од опцииите е да се примени законскиот модел по примерот на санирање на состојбата преку стечај кој се покажа како успешен во Фени, каде вработените останаа на работа во текот на целиот процес и земаат плата“, велат од кабинетот на Анѓушев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...