Имено на насловната страна на српски Курир, осамна наслов Што и кажал Боки на полицијата, ако ме убијат, доказите против Заев се кај мојата мајка – им изјавил Бојан Јовановски на полицајците кога го привеле.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 август, 2019 10:03

Боки 13 со шокантна изјава во полиција: Ако ме убијат, доказите против Заев се кај мојата мајка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Боки 13 кој е прво осомничен во актуелниот случај Рекет, кој ја крена на нозе целата јавност, и е актуелен речиси во целиот регион, за српски Курир, дал шокантна изјава.

Насловна на српски Курир

Имено на насловната страна на српски Курир, осамна наслов Што и кажал Боки на полицијата, ако ме убијат, доказите против Заев се кај мојата мајка – им изјавил Бојан Јовановски на полицајците кога го привеле.

На насловната страница може да се види и дел од заканите кои ги упатил Боки 13 се заканил:

Ако ме обесите и тоа се обидете да го претставите како самоубиство, ако овде ме тепате, мачите, заплашувате, убаво сега во кажувам, да не биде после дека не сте знаеле, никој нема да биде поштеден.

Инаку Боки 13 беше приведен на 15 јули, на Граничниот премин Богородица. Инаку тој е сопственик на 1ТВ а беше уапсен поради сомневање за рекет на македонски бизнисмени, а полицијата го привела на граничниот премин.
Истиот ден бепе приведен и бизнисменот Зоран Милески познат како Зоки Кичеец. Тој е близок со поранешениот директор на УБК, Сашо Мијалков а беше уапсен во еден скопски ресторан.

Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13 во јуни 2017 година, пред отворањето на телевизијата го стартуваше проектот „Меѓународен сојуз“ за цивилно општество и социјално загрозени категории. Тогаш потенцираше дека финансиската добивка како претседател ќе ја донира секаде каде што е потребно.
1 ТВ почна да зрачи во етерот во март 2018 година.

Пред два месеци , Управата за јавни ја приходи ја блокираше сметката на 1 ТВ, поради неплатен ДДВ долг.

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.