Министерството за надворешни работи на Бугарија го потврдува финансискиот концепт да и плаќа на Македонија "субвенции" за секое згрижено семејство бегалци на своја територија

Објавил: Мартин Попоски | 14 декември, 2018 10:11

Бугарија дава 10.000 евра за сместување на бегалци и мигранти во Македонија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Бугарија ќе обезбеди околу 10.000 евра како доброволен придонес во фондот на Советот на Европската банка за развој за мигранти и бегалци.

Фондот, како што пренесува „Софиа Глоуб“, повикувајќи се на владино соопштение, ќе ги поддржи тековните проекти за подобрување на материјалните и техничките услови за прием и сместување на мигранти и бегалци во транзитните центри во Република Македонија и во Босна и Херцеговина.

Административниот капацитет на центрите и нивниот капацитет за обезбедување најнеопходна санитарна, медицинска и социјална грижа ќе биде зајакнат. – соопшти бугарската Влада.  

Средствата, како што се додава, ќе се обезбедат од фондови на Министерството за надворешни работи на Бугарија, наменети за хуманитарна и помош за развој.

Бугарската помош, како што се вели во соопштението, се дава за одржливи развојни цели во земјите партнери од Западен Балкан и од регионот на Црно Море, како и за поттикнување и размена на искуства во спроведувањето практики на добро владеење и решавање на големи социјални проблеми во овие земји.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.