Бојко Борисов и Зоран Заев направија многу добри работи за нашите држави “, коментираше Бучковски.

Објавил: Владо Марин | 1 мај, 2020 2:41

БУЧКОВСКИ: Ние немаме поголем сојузник од Бугарија- Заев и Борисов направија добри работи за нашите држави!

Фото/Текст извор: ©Nacional.mk

Ние немаме поголем сојузник од Бугарија, но треба да внимаваме многу од оние, кои се исплашија од заеднички сојуз меѓу двете држави. Има зближување меѓу двете земји веќе три години!

Ова го изјави поранешниот македонски премиер Владо Бучковски во ʺСлободна зона со Георги Коритаров” на ТВ Европа.

Тој ја коментираше изјавата на поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески дека сме биле народ.
Според Бучковски, историски гледано, дури и Србија и Грција се земјите кои немаат интерес од добрите односи меѓу нашите земји.

Ние, историчарите и интелектуалците, не треба да негираме дека со Бугарија сме имале заедничка историја. Бугарската нација е создадена пред македонската, по потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор, со Берлинскиот мировен договор и усвојувањето на Трновскиот устав. Не можеме да ја промениме историјата. Имаме многу личности кои покажуваат дека сме исклучително блиски.

Како македонското, така и бугарското општество треба да одлучат по кои линии треба да работи комисијата.

Бојко Борисов и Зоран Заев направија многу добри работи за нашите држави “, коментираше Бучковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести