„Позитивната одлука и одобрената репо-линија претставуваат потврда за нашата подготвеност како централна банка соодветно и навремено да одговараме на предизвиците од оваа криза и успешно да ја одржуваме макрофинансиската стабилност.

Објавил: Владо Марин | 19 август, 2020 6:18

(ВИДЕО) Европски пари за НБРМ од 400 милиони евра

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

По извршената оценка на барањето за ликвидносна поддршка поднесено од Народната банка, Европската централна банка (ЕЦБ) позитивно одговори на барањето, преку одобрување на билатерална репо-линија.

 „Позитивната одлука и одобрената репо-линија претставуваат потврда за нашата подготвеност како централна банка соодветно и навремено да одговараме на предизвиците од оваа криза и успешно да ја одржуваме макрофинансиската стабилност.

Народната банка и натаму секојдневно ќе го остварува својот максимален влог за македонската економија и за нејзиното приближување кон големото европско семејство.

И денарската и девизната ликвидност на нашата економија, и пред почетокот на корона-кризата беа на високо и адекватно ниво. Дополнително, во периодот од избувнувањето на кризата, Народната банка презеде мерки преку коишто се обезбеди дополнителна денарска ликвидност во банкарскиот систем, а воедно и за зајакнување на девизните резерви. Добиената поддршка од ЕЦБ дополнително ги зајакнува нашиот капацитет и подготвеност за соодветна реакција.

Во случај на остварување на негативните ризици поврзани со корона-кризата, девизната ликвидност во евра овозможена од ЕЦБ ќе ни овозможи и поголем простор за брзо и ефикасно дејствување за ублажување на можните ефекти врз банкарскиот систем.“ – истакнува меѓу другото гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска по повод воспоставувањето на репо-линијата за обезбедување ликвидност во евра, овозможена од ЕЦБ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...