СТОЛТЕНБЕРГ: Нема да станете членка на НАТО ако не го смените името

Објавил: Македонка Димкин | 12 јули, 2018 10:24

(ВИДЕО) Зоран Богатинов од Македонската телевизија го нанервира Столтенберг!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кажа дека ако Поранешната Југословенска Република Македонија не го смени името, нема да биде примена во НАТО, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Брисел.

Известувачот на МРТВ побара коментар од Столтенберг на тоа што 80% од граѓаните се за влез во НАТО, но голем е процентот на оние кои се против промена на уставното име.

„Тоа е одлука на граѓаните на Поранешната Југословенска Република Македонија. Граѓаните имаат една шанса, треба да се искористи. Или ќе го поддржите договорот и ќе се зачлените во НАТО или нема да го поддржите договорот и нема да се зачлените во НАТО“, кажа Столтенберг.

Столтенберг ја објасни процедурата која што ќе доведе до тоа Македонија да стане 30. членка на НАТО под името Северна Македонија и заврши со зборовите: „Нема да станете 30. членка на НАТО ако не се смени името“.

Претходно, изнесувајќи ги заклучоците од состанокот на Северноатлантскиот совет, Столтенберг кажа дека 29-те членки на НАТО денеска на Самитот во Брисел се договориле да ја поканат Македонија да почне пристапни преговори за членство во Алијансата.

Шефот на НАТО беше видно нанервиран од прашањето на Богатинов и со еден цврст тон, повторуваше дека нема покана без промена на името, додека зборуваше тој удираше со рацете по говорницата

Македонскиот портал Libertas.mk објавил:  Столтенберг официјално ја објави поканата за Македонија да стане 30/членка на НАТО – Етиката и Моралот мора да се заедно со честа, известувањето мора да биде верно на оргиналот. Погледнете го видеово

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.