Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави во средата дека Западот не може да го игнорира подемот на Кина.
Пекинг се приближува кон Западот на различни начини – на Арктикот, сајбер-просторот и критичната инфраструктура, вклучувајќи ги и телекомуникациите, изјави Столтенберг за Би-Би-Си.
Шефот на НАТО, исто така, рече дека е важно Британија да ја преиспита улогата на Huawei во својата 5G мрежа со цел да се обезбеди нејзината безбедност.
„Верувам дека владата на Велика Британија ќе ги дизајнира своите мрежи на начин што ќе обезбеди сигурност и ќе обезбеди дека Велика Британија има безбедна мрежа од 5G“, рече Столтенберг за радио БиБиСи.
На прашањето за коментарите на Столтенберг, портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунинг рече дека Кина не претставува закана за ниту една земја.
– Се надеваме дека НАТО ќе може да продолжи со правилно размислување за нас и рационално да го набудува нашиот развој – рече портпаролката.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.