Првите реакции пристигнаа од пратеникот Ибраимоски и министерот Ахмедоски

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 август, 2018 14:28

Владата ги заборави ромите за Денот на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По повод Денот на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна денеска во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје се одржа комеморација.

Пратеникот Самка Ибраимоски и министерот без ресор Аксел Ахмедоски се разочарани од Владата на Македонија зашто како што велат денеска никој не нашол за сходно да дојде на одбележувањето на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна.

“Не само од претставниците на Владата – туку сум разочаран и од моите колеги пратеници. Ова значи дека и при вакви настани има дискриминација. Почитувани претставници на Владата и колеги пратеници – сакаме да градиме едно општество за сите а не го спроведуваме тоа. Ромите се дел од оваа држава и се граѓани на оваа држава. Ќе размислам како понатаму ќе делуваме јас и мојата заедница и како ќе се однесуваме кон нашите сограѓани од другите заедници.” – се наведува во реакцијата на Ибраимоски.

Комеморацијата во знак на сеќавање на жртвите од овој геноцид ја организираа министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020 Аксел Ахмедоски и здружението на граѓани “Ромаверзитас”.

Сеќавањето за геноцидот врз Ромите од Втора светска војна беше претставено низ изложба на фотографии и со читање поезија.

Заев во парламентарното мнозинство има најмалку два пратеници од Ромска националност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.