Веќе е извесно дека уставните амандмани ќе поминат и во својата трета финална фаза, по која ни ВМРО - ДПМНЕ нема да може да игра на картата предавници и патриоти

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 декември, 2018 10:17

ВМРО – ДПМНЕ и предизвикот да се избори самата со себе (анализа)

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Кога законодавниот дом има пленарна седница за нацрт амандманите за уставни измени со кои се брише постоењето на Македонската држава и се негира Македонскиот народ, на ВМРО – ДПМНЕ местото му е во и околу Собранието а не на турнеја низ државата.

Секако ако договорот не е направен или ако веќе доволно пратеници се јавиле за прошка пред да гласаат со “за” во Јануари.

Индикациите дека и пратениците Љупчо Димовски (СП), Јохан Тарчуловси и Даниела Рангелова (ВМРО – ДПМНЕ) ќе ги поддржат Уставните измени, како дел од новиот бран од осум (8) нови пратеници се базираат на стручна анализа кој се пратениците кои претходно ги поддржаа уставните измени, кои поранешни функционери, министри и “директори” на центри за аналитика, кадровници, републички изборни штабови фазно во стриктно определени бранови се јавуваат како поддржувачи на промените на уставот.

Зошто обвинети во процесот за терористичко здружување против уставниот поредок на Македонија би повлекувале сведоци и би се откажале од правото на одбрана кога законот за амнестија на ВМРО – ДПМНЕ пропадна. Имаат ли увид и гаранции од новиот на Заев и Канческа Милевска?

Тарчуловски и Димовски индикативно се откажаа заедно со Арнаудов, Василевски и Мукоски од одбрана за немилите настани во Собранието минатата година.

Ги повлекоа и своите сведоци, доказен материјал и најсимптоматично си ја ускратија можноста да имаат и завршни зборови т.е. лично да се обратат пред судскиот совет.

Нацрт законот за целосна амнестија на ВМРО – ДПМНЕ падна, прво на влада па во Собрание. Зошто обвинет за терористичко рушење на уставниот поредок, дело за е пропишана најмала казна од 15 години затвори би се самоодрекле од можноста да ја кажат својата одбрана?

Никој од нив физички не злоупотребил никого, но само ако го знаат актуелниот – нов нацрт закон за амнестија на Канческа Милевска напишан од адвокатот Никола Тодоров можат да имаат гаранции и увид дека ќе бидат помилувани.

Тоа значи дека некој им го покажал законот и членовите а тој некој е или од одметнатата пратеничка група од осум пратеници или Мијалков, Јанчев, Тодоров.

Јанчев и адвокатот Тодоров веќе ги имаат подготвено законот за селективна амнестија, но тоа не значи дека предметот ќе се укине, напротив, самата Јавна обвинителка тврди дека не се стигнати до процесот нарачатели, а најави и можни нови обвиненија против поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски но и Стевананџија, актуелни пратеници.

Кој им дал гаранции дека ќе бидат амнестирани? Еден Дурловски кој во собрание пристигна откако беа отворени вратите и се приклучи на народот во салата за Пленарни седници, чист како солза по основ на немилите настани е гласен дека не бара милост – бара правда.

Не е ли јасен показател фактот што единството меѓу обвинетите рапидно се подели. Сега оние за кои има докази дека сториле насилство се во судир со оние кои се на листата за селективна амнестија на Канческа Милевска.

Дополнително, која е пораката на Обвинителството во тек на постапка три пати (два пати пред Кривичен суд, еднаш на ТВ гостување) да го употребат името на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски за кого како пратеник се знае дека нема да поддржи уставни измени?

Обвинителата Вилма Рускоска јасно посочи дека е прашање на час кога Вењаноски ќе стане осомничен но и дека јасни се реализаторите но не и организаторите.

Индикативно е што во доказната постапка се знае каде бил и поранешниот премиер, на колку метра од Собранието бил Митко Чавков но никој не појаснил каде беше Сашо Мијалков и што говори неговиот телефон?

Јавно се шпекулира дека организатор беше лицето кое денес е со нов притвор во Шутка. Лицата кои ние денес ги декларираме како лица со криминално досие се лица кои работеле низ службите кога Мијалков беше директор на УБК како цивилни припадници на Алфа единиците.

Зошто Јане Ченто е во притвор? Зошто Мијалков не е.

Фамата дека е во т.н. хашка соба е само алиби за широките народни маси да може да го истера до крај процесот поддршка за уставните измени. Реално неговото е направено. На Тодоров е правниот аспект на Јанчев е финансирањето и потоа ударот врз актуелното раководство на ВМРО – ДПМНЕ за вондреден конгрес на база на мнозинство.

Пратникот Панчо Минов од ГРОМ ќе е исто така поддржувач на уставните измени. Разговорот со Заев и Талат Џафери беше со барање за одложување т.е. ставање под тепих на кривичните пријави за неговиот пријател од СДСМ познат и како Стевчо Јакимовски ГРОМ.

На јавноста и е јасно кој од осумте пратеници на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата за што се испазарил, но пратеникот за кој и премиерот Заев потврди дека се премислил во последниот момент, Панчо Минов, никогаш не одговори што барал. Уставен амандман, гаранции за македонскиот идентитет, пари или слобода за Јакимовски.

Јакимовски не, но Панчо Минов како долгогодишен градоначалник на Кавадарци е до фаза на интимен пријател со актуелниот, Митко Јанчев, што значи прашање на време беше дали тој би бил 81-виот во отворањето на уставот или 88-миот во третото финално гласање.

Пратеникот Стојан Миланов преживеа една кривична пријава пролетта против поранешниот градоначалник на Кратово, Мите Андоновски за издавање на објектот на старата гимназија на компанија чиј директен сопственик е Љубисав Иванов Ѕинго.

Сега Андоновски има втора, нова кривична, зошто Иванов Ѕинго би го рушел половина век владеење со оскудно Кратово за нешто што знае дека ќе биде изгласано.

Прашање беше на време кога Рангелова и Кржалоски ќе си поднесат оставки. Рангелова важи за блиска до Мијалков а Кржалоски кога не се дружи со поранешниот директор на УБК, го озаконува Талат Џафери како поранешен в.д. директор на Службен весник на Македонија и е роден внук на Канческа Милевска.

Пратеничката Даниела Рангелова беше фаза за деградација на актуелното раководство. Јасно беше дека и таа е подобро да биде 88-ма а не 81-ва кога нема потреба. Притоа Рангелова е кадар на Сашо Мијалков.

Исто како што поранешниот претседател на УМС Лука Кржалоски е кадар на Мијалков. Кржалоски беше прашање на време дали ќе поведе внатрепартиски бунт или ќе се обиди да предизвика вознемиреност. Кржалоски е роден внук на Канческа Милевска. Како не се предвидоа тие ефекти.

Притоа мора да се знае историографијата на ВМРО – ДПМНЕ на Никола Груевски и кој се бил негов избор од 2006 година до денес. Целокупниот кабинет кога беше министер за трговија па министер за финансии во периодот 1998 – 2001 година.

Која е логиката Канческа Милевска која по докторат прво вработување добива во министерство за култура, како советник на министерката Ганка сега да е поголем патриот од нејзиниот поранешен претседател.

Кирил Божиновски беше низ структурите кадровник на ВМРО – ДПМНЕ, исто како и Никола Тодоров но и Иво Котевски, кој сега е наградно директор на центар за комуникации.

Јанакиески, Канческа Милевска, Јанкулоска, се тоа се кадри на Никола Груевски кои низ ВМРО – ДПМНЕ се влечат од времето на мандатот на Љубчо Георгиевски како негови соработници или лични пријатели. Зошто Иво Котевски, деснатата рака на Јанкулоска сеуште раководи со центарот со комуникации и кој ќе одговори кој е одговорен за архивата на податоци за членството за која се шпекулира дека ја украл Тодоров.

Каде е Емил Димитриевски? Генералниот секретар на Никола Груевски кој беше идеален избор за технички премиер кога за него не се ни знаеше како точно се презива?

Каде е Мартин Протоѓер?

Не е во партија но го нема ни на обвинителна клупа. Болежливиот кадровник кој е купен од СДСМ и кој декада беше вратот на главата Никола Груевски.

Кој ја основа Глас за Македонија? Зошто е основана? Беше ли таа партија обид за спас ако бродот почне да тоне?

Воедно се јавуваат и министри кои технички ги следеле сите процеси на кадрово напредување. Јанакиески прво вработување по Солунскиот универзитет Шефилд доби во ЈП Водовод Скопје, генерален директор па стана министер во сектор каде остана 10 години. Сега тој Јанакиески го обвинува Груевски?

Во фази се одвиваат нападите и врз актуелното раководство на ВМРО – ДПМНЕ, самата партија која е мета на пуч но и поддршката за уставните промени. Декадните министри на Груевски сега се гласно негодуваат што Мицкоски бил попустлив а Никола ги држел цврсто, се додека сопругата на Јанакиески не го кажа она што го мислеше за поранешниот премиер.

Јанкулоска, обезбедувањето на Мијалков и лтд. ја реализираа платежна картица. Каде беа прво тие луѓе вработени пред да станат министри? Сега Јанкулоска е помалку виновна од Мијалков но доволно невина Митко Чавков да биде ешалонот кој е пристоен за отстрел на едно 25 години затвор.

Кој го води секторот комуникации. Иво. Истиот човек кој беше потрчко и десна рака и на Протоѓер и на Јанкулоска.
Кој го води секторот аналитика? Владимир Божиновски.

Влајко беше човекот кој во 2016 година прогнозираше 55 до 57 пратеници кога едвај се спасија 51. Се смени гласачкото место во Теарце, се именуваше нов претседател на партија на Турците од тоа населено место и на гласање излегоа сите за кои МВР имаше нешто.

Истиот Божиновски во 2017 прогнозираше (ете пример за Битола, дека д-р Олга Лозановска е добитна во споредба со Наташа Петровска за 16 отсто а Зоран Илиоски за 13 отсто, колку беше загубата?) При што Божиновски сеуште анализира и прогнозира.

Во 2006 во Влада ги имавме Андан Ќахил, Лазе Еленовски, Глигор Ташковиќ, тоа се имиња кои сега одработуваат за СДСМ и Заев и промени на името. Ивица Боцевски е кадар од 2008 година. Боцевски водеше пресови на СДСМ. Но истата година ги имаме Владимир Пешевски, Никола Тодоров и Љупчо Димовски.

Министрите кои во 10 години владеење беа избор на три лица, Мијалков, Протоѓер и Груевски наеднаш станаа провладини аналитичари, критичари на политиките на Мицкоски но и ВМРО – ДПМНЕ. Признаваат и декадно режимско владеење, секаде, само не во ресорот кој тие го воделе а за кој СЈО има и тоа како издржани истражни постапки и тоа благодарение на Пржинскиот договор кој во име на ВМРО – ДПМНЕ го водеше Тодоров.

На следните, избори 2011 година во влада влегуваат и Панче Кралев и Спиро Ристовски. Сите тоа се кадри кои поминаа прво “обука” преку компанијата која беше отскочна даска за министер на ВМРО – ДПМНЕ, Катастар на град Скопје.

Истата година министер станува по истиот терк и Диме Спасов, зетот на Лазар Панев Колишевски за внука.

Каде е Никола Попоски познат како француската линија во ВМРО – ДПМНЕ? Каде е Веле Самак чиј татко, Благој Самак е награден со приватен – државен универзитет во Охрид.

Кој е Васил Пишев?

Колку пари има и колку компании ( под исто име само едната во МКД а другата во БГ) мислите дека нема да подлегне на притисокот за сопствените бизниси. Пишев по Гуштеров е најбогатиот македонец за кој се сменија и закони само за да може да е и директор и државен функционер.

Впрочем. Актуелните кадри на претседатели на ОК, УМС, УЖ се делумно на актуелното раководство но не целосно. Одличен процент се кадри на Мијалков и Груевски особено пред кавгата во септември 2016 година.

Чии кадри се актуелниот пратенички состав? Целосен компромис на Груевски и Мијалков.

Селективноста кој ќе оди во затвор за име на личен спас е во форма на кругови кои на крај завршуваат околу 2 лица. Мијалков и Груевски. Колку позвучни имиња ќе одат во затвор толку нивниот спас ќе биди минимализиран.

Трагикомично е комисијата за национално помирување во трет обид на својата прва средба веќе да го промовира законот за амнестија, за кој тврди дека не е ни во фаза на изработка а медиумите веќе да цитираат членови од истиот. Канческа Милевска, Мијалков, Тодоров и Јанчев сега нема потреба да молат никого, сега ги молат за да бидат ЕУ и НАТО интегративни кадрите кои Мијалков и Груевски ги бираа за пратеници.

Кои пратеници ќе ги поддржат дополнително уставните измени до 88 е бројка која не е квантна физика, туку логика. Кому пари (Александрова и Исмајлоска – Старова), кому притисок (Мукоски, Василевски, Арнаудов кому слобода за него или близок (Авировиќ и Рачмиловиќ)

Канческа Милевска ја продолжува мисијата на Мијалков во законодавниот дом. Пазарот е отворен. Секој е добредојден. Сега веќе нема потреба од “киднапирање” во канцеларијата на Кирацоски на вториот кат во собранието и посети на кабинетот на Џафери каде беше и Заев и Бејли.

Сега цените се помали, веќе не се молат туку молат.

Митко Јанчев суетен во употребата знае едно, успех за кој не направил ни еден денар свој труд. Зошто се мисли дека би се бламирал ако не игра на картата по која е добитен.

Зошто никој не праша втор – трет пат зошто на средбата во Струмица беше и Вице Заев?

Зошто Николоски делува дека е министер за надворешни кога партијата е во криза а Милошоски кој имаше доблест да се одважи во часот кога се подготвуваше преврат е надвор.

Илија Димовски бил остар практикант на законите и него не го мири никој со никого но е лојален. Лојален е и Стевананџија но веќе пречесто го гледаме во снимките на ОЈО за 27 април.

Кој го легализираше Џафери по нелегитимната одлука на Собранието? Лука Кржалоски, патен како в.д. директор Кржалоски можеше да поднесе оставка и да не ја објави спорната одлука како е и уредник на гласилото, па ќе имаше постапка која со оглед на ситуацијата ке траеше најмалку три месеци.

Кој му даде налог?

Епското прашање до кога беше моќно влијанието на Мијалков и Никола во партијата е одговор зошто на локални избори се отиде до излитени кандидати кои бараа поддршка во свој трет или четврти мандат, свесни дека не направиле ништо во претходните. Се предадода ли изборите уште пред да почнат и зошто.

Зошто Ивица Коневски сака многу да се фотографира и со актуелниот претседател и со Мијалков? Прашајте кој е Коневски во Аеродром и колку пари има на контото од наводниот рекет за градежна експанзија и зошто впрочем на локални се одеше со кадри во втор или трет мандат кога никој не беше чист?

Прашњата од типот “сега не е време за тоа” и “и секој човек се брои” се мото на СДСМ од 2015 година но зошто станаа мото на ВМРО – ДПМНЕ? Не. И без секого се можи и секој е заменлив.

Десничарска, народна партија има единствено поврзаност со религијата но и народот преку механизми кои социјалдемократските идеологии немаат.

Десничарска партија не смее да има млитав или да нема став. Претседателот станува лидер во моментот кога ќе почни да води. Десничарските партии се во основа софт верзија на национализам. Прво државата и народот па заедниците и се друго.

Со кој на избори за претседател? Џафери ќе потпише и како претседател на Собрание и како в.д. претседател на држава. Иванов се чека да заврши со мандатот.

Игрите со т.н. консензуален кандидат за претседател не е ништо повеќе од план на СДСМ и ДУИ да се оддолговлечи процесот и да се оствари волјата на Талат Џафери, целосно нелегитимен во својот избор на ден или два да е вршител на должноста претседател на државата со што една личност со два потписи за две функции ќе ги озакони уставните измени но и законот за употреба на јазиците. И тоа упорно го повторува, јавно.

Со кој во коалиција?

Со Села? По оној ќотек? Со БЕСА? Ваква? БЕСА беше опција додека ја спонзорираше Ердоган, но веќе не.

Дури и секогаш верната на ВМРО – ДПМНЕ, ДПА се испушти. Знаете што бараше Мендух Тачи на средбите кога Никола Груевски го имаше мандатот во раце? 10 директорски места во западна Македонија. 10 директори за 2 пратенички гласа ЗА.

Колку пати Курто Дудуш се јави во ВМРО – ДПМНЕ да пребега во периодот на мандат? Пет. Пет средби. Никој не го прифати.

Пред крај.

Прилично е јасно дека политичката моќ ја има носителот на функцијата претседател на ВМРО – ДПМНЕ. Зошто не е отповикана почесната претседателска титула на Груевски веќе не е ни тема. Што ВМРО – ДПМНЕ ќе преземе ако во финалната фаза се изгласаат уставните измени со 80 или 88 пратенички мандати во поддршка? Ќе се помират со фактот дека Македонија и Македонскиот народ ги нема или ќе се надеваат на Уставен суд кој по сите правни норми нема ингеренции како што немаше ни за референдумот.

 

Сите пратеници кои пребегаа, претходно изјавија дека нема да гласаат против уставот.

Гласаа. Јавно објавија и си го погазија гласот.

Помалку советници од време минато а повеќе аналитичари и познавачи од времето цело. ВМРО – ДПМНЕ нема трета генерација политичари. ВМРО – ДПМНЕ е компактно тело. Но и ВМРО – ДПМНЕ и ВМРО секогаш патело од свој предавнички куршум.

На 20 или 23 Јануари нема да е битно ако станеме Северна кој е во ВМРО – ДПМНЕ. Нема играње на картата тогаш да се бираат предавници и патриоти.

За каде ВМРО – ДПМНЕ има кандидат за претседател? За Северна Македонија?

Местото на ВМРО – ДПМНЕ е од пет дена – пет во Собрание од 20 дена пленарна седница 20 дена во Скопје.

Ниту еднаш ВМРО – ДПМНЕ не побара притвор за Мијалков затоа што има и Чешки пасош. Има хотели во Монте Карло ама има и серија објекти на старски домови во предградие на А во Брисел. И Никола Груевски има објекти во Холандија. Но зошто молчи.

И сосема за крај.

Мукоски на сите се пофали дека се јавил кај Мицкоски за прошка, па гласал. Канческа Милевска исто така откри на ТВ дека го информирала претседателот. Новинарска паралела е дека некој ве информирал дека ќе ви го убие најмилото – побарал прошка и сте му простиле?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...