„Така работи Народната банка, тоа го зборувам од моето искуство. Превземала мерки, опоменувала, правела извешати, барала од акционерите од менаџерскиот тим да корегираат слабости во банката.

Објавил: Владо Марин | 17 август, 2020 6:50

Гошев: Одлуката на НБРМ е апсолутно исправна – преземени биле сите мерки за санирање на состојбата

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Одлуката на Народна банка е апсолутна чиста и исправна, затоа што Еуростандард банка дошла до состојба во која не можела да одговори на паричните побарувања, смета поранешниот гувернер на НБРМ, Петар Гошев.

Тој за ТВ21 вели дека Акционерите и менаџерскиот тим направиле ризици поголеми од дозволените, сведувајќи го капиталот под законскиот минимум, а Народна банка ги превзела сите потребни мерки за да може да се санира состојбата!

„Законот вели дека банка кога ќе западне во позиција на несолвентност, а тоа значи дека капиталот и е помал од вкупните обврски што ги има, тогаш таа банка е несолвентна и по законот за банки не може да работи. Оваа банка го симнала капиталот оној таканаречен адекватен капитал, во однос на вкупната актива на банката, тоа дошло под законскиот минимум, не се нашле инвеститори да ја купат банката, постојаните акционери немале сила да докапитализираат да дотурат капитал во банката потребен колку што бара законот за банки и Народната банка немала друга алтернатива, освен да ја изрече мерката одземање на дозволата и тоа е многу чисто“, истакна Петар Гошев.

„Така работи Народната банка, тоа го зборувам од моето искуство. Превземала мерки, опоменувала, правела извешати, барала од акционерите од менаџерскиот тим да корегираат слабости во банката.

Ете тоа сето не го направиле како што треба и Народната банка морала да го примени законот. Ако не го применила, ќе била одговорна зашто не го применила законот, па може некој утре да покрене одговорност кон луѓето што не го применувале законот“, додава Петар Гошев.

Гошев истакна и дека министерката за финансии Нина Ангеловска ја искористила, односно злоупотребила својата положба и си ги повлекла парите од Еуростандард банка пред два месеци.  За случајот со Еуростандард банка се огласи и претходниот гувернер на Народната банка, Димитар Богов кој е согласен со Гошев дека гувернерката ја донесе единствената исправна одлука за „Еуростандард банка“ во дадената ситуација. Тој потенцира дека според ситуацијата во „Еуростандард банка“ во изминатите години, јасно е дека Народната банка ги исцрпила сите можности за подобрување на состојбата во Банката!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...