Кеба е татко на сегашниот сопруг на Северина, Игор Којиќ за кого на големо се пишуваше дека вербално го нападнал и му се заканувал на поранешниот сопруг на пејачката, кога му го предавале синот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 декември, 2019 16:39

Го сакам како да сум му вистински дедо- Кеба прозборе за синот на Северина!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот српски пејач Драган Којиќ Кеба кој е свекор на хрватската популарна пејачка Северина која моментално поминува низ многу тежок период по одземање на старателството над синот Александар, реши да проговори за тоа што како тој се чувствува по сите случувања.

Пред речиси две недели хрватската пејачка Северина го изгуби старателството врз синот Александар.

Кеба е татко на сегашниот сопруг на Северина, Игор Којиќ за кого на големо се пишуваше дека вербално го нападнал и му се заканувал на поранешниот сопруг на пејачката, кога му го предавале синот.

Кеба реши да проговори за одземањето на старателството над синот на неговата снаа Северина Којиќ и истакна дека се надева дека детето повторно ќе биде со мајка му.

„Не сум видовит! Здравје Боже. ќе се реши на најдобар можен начин. Оптимист сум и се надевам дека тоа ќе биде решено“. Нема да се мешам во работата на судовите…Се ќе биде во ред. Јас само реков дека таа пресуда не е убава, дека детето седум и пол години беше со мајка му…По мое мислење тоа не е праведно, но сепак мислам дека ќе се реши“, рекол пејачот, а потоа додал:

„Гледам на него како да сум му вистински дедо. Тоа е дете кое не можеш да не го сакаш“, рекол Кеба.

Ваквата вест ја вознемири јавноста, а многумина и се надоврзаа на тоа дека токму Северина со години се бори сама за својот син. По одземањето на старателството беше донесена одлука пејачката да го гледа синот два пати во неделата и да плаќа алиментација од 160 евра. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.