Судските случаи на Јавното обвинителство и Специјалното Јавно обвинителство случајно или не се активираат непосредно пред почетокот на пред референдумската кампања на СДСМ и ДУИ

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 август, 2018 11:33

Граѓански активисти – Чавков и пет пратеници следната недела на суд за инцидентот од 27-ми април

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Обвинетите за настаните во Собранието за инцидентот од 27-ми април на 22-ри август повторно седнуваат на обвинителна клупа.

Меѓу нив има и пратеници и граѓански активисти.

За овој предмет на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција обвинети се 30 лица меѓу кои и поранешниот директорот на Бирото за Јавна Безбедност Митко Чавков и пет пратеници на ВМРО – ДПМНЕ кои според обвинението се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Судот претходно соопшти дека има вкупно 37 термини за главна расправа за што веќе се изготвуваат наредби за спровод за обвинетите кои се наоѓаат во куќен притвор како и покани за останатите странки во предметот.

Судските случаи на Јавното обвинителство и Специјалното Јавно обвинителство случајно или не се активираат непосредно пред почетокот на пред референдумската кампања на владата на СДСМ и ДУИ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести