Заев на оваа информација одговори со апел до сите бизнисмени: " Aјде, почастете ги малку работниците. Сега ова е важно и за компаниите и за граѓаните и за државата!"

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 септември, 2018 11:50

Дали е ова, шефот на Заев, кој плаќа за да се излезе на референдум?

Фото/Текст извор: ©лидер.мк

Николај Влаканов е името на сопственикот на бугарската компанија „Минстрој“, кој, како што изјави премиерот Зоран Заев, ги повикал работниците да гласаат на референдумот и им ветил дека ќе им даде награда плус.

Еве денес и приватните компании се разбудени. Слушнав денеска во Владата се видовме со Влаканов, инвеститорот на „Минстрој“, вели „Испратив порака до работниците, да излезат сите и да гласаат на реферндумот. Тоа е добро за Македонија. За Крива Паланка, но и за мојата компанија затоа што се оствараат перспективи“.

И не само тоа, вети дека ќе даде и некоја награда плус на работниците од тоа што верува дека блеска Македонија во моментот, но и неговите инвестиции во оваа Македонија. Имаме директори на компании во Македонија, Македонци кои велат „ќе дадеме уште една екстра плата затоа што и за мојата фирма се отвора перспективата“.

Јас апелирам до сите бизнисмени ајде, почастете ги малку работниците. Сега ова е важно и за компаниите и за граѓаните и за државата. Ако некој има, газдите имаат, бизнисмените имаат можат малку да отворат ќесето повеќе, изјави Заев синоќа во Крива Паланка – изјави премиерот вчера на митингот во Крива Паланка.

Економски Лидер стапи во контакт со рудар вработен во еден од рудниците на „Минстрој“ кој ја потврди информацијата дека над работниците се вршел жесток притисок да излезат на референдум.

Има тајност на гласање. Но ни рекоа дека мора да излеземе и дека на крај ќе се знае кој излегол а кој не. – сведочи работникот кој плашејќи се за своето работно место, сака да остане анонимен.

Со Изборниот законик и Законот за референдум најстрого се забранува вршење на притисок за излез на гласање. Забрането е вршење и обид за вршење притисок и заплашување на гласачи или членови на нивните семејства или ним блиски лица, стои во Изборниот законик. Никој не може да биде повикан на одговорност за гласање, односно негласање на референдум, стои во Законот за референдум.

Според ова, Основното јавно обвинителство треба да покрене постапка и да утврди, дали постоеле вакви притисоци врз вработените.

Инаку бугарската компанија „Минстрој“ ги држи под концесија рудниците „Злетово“ и „Тораница“. „Минстрој“ има големо искуство во областа на рударството во Бугарија и во светот и има рудници во Африка, во Европа, па дури и во Германија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.