Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот

Објавил: admin@magazin | 23 јуни, 2018 13:50

Демолирани статуи на народни херои од НОБ

Фото/Текст извор: ©мвр

Во населбата Маврови Анови во текот на вчерашниот ден непознати сторители насилно турнале две статуи на народни херои од постаментите.

Како што информираат од МВР, случајот во полиција го пријавил 74-годишен маж, а на самото место било констатирано оти турнати се две бронзени статуи од народните херои Чеде Филипоски и Злате Малакоски.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести