На деновите на ослободувањето на Прилеп и Битола, награди за животно дело за заслужните уметници, дуото Селимова Желчески и Томовска кои 50 години пејат за Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 4 ноември, 2018 13:54

Бришењето на АСНОМ ги разгневи прилепчани и битолчани

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Синоќа Прилеп а денес Битола ги чествуваат деновите на ослободување од бугарската фашистичка окупација, во Битола говор и на градоначалникот на Плевен кој ќе не чекал во ЕУ како Северна.

Граѓаните на Прилеп и Битола гневни што овогодинешните лауреати се истакнати уметници кои ги испејале едни од антолошките песни за Македонија и Македонците, прашувајќи се дали нивните песни ќе смее да се пејат и кога државата ќе стане Северна?

Имено на свечената седница на Советот на Општина Прилеп која се одржа во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“, по повод Денот на ослободувањето на Прилеп 3-ти Ноември, синоќа на здруженија и поединци им беа доделени плакети и дипломи.

Во своето обраќање пред членовите на општинскиот Совет, пред добитниците на наградите и останатите присутни, градоначалникот Илија Јованоски истакна дека во овој историски датум, во денешната слобода, своите животи ги вградиле над 650 прилепчани.

На сите битолчани им посакувам градот да има добар развој, да имате  успех и среќа и да одите напред. Бугарија ја поддржува Македонија во процесот за евроинтеграција, затоа што стабилана Македонија е најдобро за Балканот. Ако соседот е добар, тогаш сите сме добри, ако има проблеми кај соседот ти не можеш да бидеш радосен. Многу е важно Македонија која не е од вчера во Европа, да биде член на семејтсвото на европските народи. – рече Ѓорѓ Спартански, градоначалник на Плевен, Бугарија.

Најжестоката битка се одвивала кај месноста „Песјобрдце“, каде само во последните два дена загинале 78 храбри борци. Веднаш по извојуваната победа, овде, во херојски Прилеп, се стационирало целото воено и политичко раководство на новосоздадената македонска држава. Почнал да функционира Президиумот на АСНОМ, Главниот Штаб и новоформираниот Народно-ослободителен одбор на Прилеп. Де факто, Прилеп веднаш по ослободувањето, почнува да функционира со сите свои тела и органи. – истакна градоначалникот Јованоски.

Годинешната награда за животно дело „Златна плакета“, отиде во рацете на дуетот Кевсер Селимова – Ѓорѓи Желчески. Наградата им беше доделена за нивните достигнувања во промоција на македонската музика надвор од границите на нашата држава.

На синоќешното доделување на Третоноемвриските награди присуствуваа претставници на општина Куманово, предводени од градоначалникот Максим Димитриевски.

Битола денеска го чествува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, а по тој повод градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, делегациите на збратимените градови Епинал од Франција, Стари Град, Србија и Плевен, Бугарија.

И прилепчани и битолчани со доза на разочарување и гнев констатираат дека политиката ги згазила и основните уметнички вредности, прашувајќи дали следната година ќе смее да се пејат на јавен настан песните на Селимова – Желчески и Виолета Томовска.

Воедно присуствуваа и делегации на општинскиот Сојуз  на борци, претставници на локалната смоуправа, советниците од Советот на Општина Битола, претставници на политичките партии и невладини здруженија денеска положија цвеќе и се поклонија пред споменикот на НОАВМ пред Центарот за култура во Битола.

Нека ни е честит 4 Ноември, празникот на градот, Денот на ослободувањето на Битола, ден на кој треба уште еднаш да се потсетиме дека денешницава е нашето време и дека токму со оставње трага  во нашето време ќе продолжиме да го негуваме она што вложиле тие со своите животи. Сакам да истакнам особена благодарност до нашите збратимени градови кои дојдоа со свои делегации да одададат почит на  овој празник, но и на нашите предци. – изјави градоначалничката Наташа Петровска.

Деновиве по повод празнкот на градот се одржаа голем број настани и активности, а празнувањето завршува вечерва со свечена седница во Народниот театар, каде естрадниот уметник Виолета Томовска е добитник на најзначајната општинска награда 4-ти Ноември за животно дело, која се доделува по повод Денот на ослободувањето на Битола, 4 -ти ноември.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести