Познавачите на уставно право, негодуваат што на листата претставници на предлагачот за измени на Уставот не е и надлежното министерство за правда и Рената Дескоска

Објавил: Мартин Попоски | 9 октомври, 2018 11:10

Дескоска одбила да биде претставник за Уставните измени?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Неофицијално, министерката за правда, Рената Дескоска, одбила да биде претставник на Предлагачот на Уставните измени.

Дескоска како угледен професор и познавач на правото, јасно дала до знаење дека пропаднатиот референдум е доволна назнака дека Договорот од Преспа и бараните Уставни измени немаат поддршка и се повлекла од востановената пракса таа како министер за правда, која е директна и единствена поврзаност со судската власт да ги застапува како преставник Уставните измени.

Рената Дескоска (моминско презиме, Тренеска) е редовен професор во областа на уставното право и политичките системи. Рената Дескоска живее во Скопје и е мажена за Тони Дескоски, професор на Правниот факултет “Истицијан Први” во Скопје. На парламентарните избори во 2014 година, Тренеска беше носител на изборната листа на СДСМ во првата изборна единица при што беше избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија. Во периодот од септември 2015 до декември 2016 година, Дескоска ја извршува функцијата вицепремиер на Собранието на Република Македонија. Исто така, во септември 2015 година беше избрана за шеф на делегацијата на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ и за член на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Покрај тоа, таа беше и член на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за следење на парламентарните избори во Бугарија од 26 март 2017 година, како и член на ад-хок комисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа за следење на претседателските избори во Србија од 2 април 2017 година. Потоа, на парламентарните избори во 2016 година, Дескоска настапила како втор носител на СДСМ во првата изборна единица, каде што партијата победи со 10 освоени мандати од вкупно 20. На 1 јуни 2017 година, таа стана министер за образование и наука на Македонија како дел од владата на Зоран Заев, но на 4 јуни 2018 година таа беше избрана за министер за правда. 

На ова информација се консултиравме со Службен Весник на Република Македонија и сите Уставни измени кои се реализирале во изминатите 27 години независна Република Македонија.

Во 27 годи постоење извршени се повеќе интервенции во Уставот на Република Македонијa, односно Уставот на Република Македонија кој е највисок правен акт во Република Македонија а е донесена на 17 ноември 1991 година до сега има 32 измени во амандмани.

Првиот бил во 1992 година (измени 1 и 2), 1998 (амандман 3), 2001 (измени 4-18), 2003 (амандман 19), 2005 (амандман 20-30 ), 2009 (амандман 31) и 2011 (амандман 32).

Во сите седум “интервенции” во содржината на Уставот на Република Македонија како предлагач се јавувала Владата на Македонија, и тоа не е спорно, затоа што таа е извршна власт, но во листата на претставници на Предлогот секогаш по Претседателот на Владата на Македонија се јавувал министерот за правда на Република Македонија како највисок орган кој директно е одговорен за имплементирање, реализирање, ингеренции, оценки и проценки на законитост и уставност на правните акти.

Воедно Министерството за правда на Република Македонија е единствено надлежно кое има директна комуникација и права за реализација со сите три власти во државата.

Законодавната – Собранието на Македонија, Извршната – Владата на Македонија и независната судска власт по целата своја вертикална и хоризонтална хиерархија.

Министерството за правда на Република Македонија воедно е одговорно и за највисоките правни делувања на власта или граѓаните преку механизмите пропишани со Уставот, како барање за Референдумско изјаснување, предлагање на иницијативи но и мониторинг и процесуирање на резултатите од трите вида избори, парламентарни, претседателски и избори од сферата на локалната самоуправа.

Дека Дескоска ставила “кочница” да биде злупотребана нејзината професионалност но и министерството за правда говорат и ставовите кои во медиуми јавно ги искажа и нејзиниот сопруг кој е исто така еминентен професор, Тони Дескоски а кој смета дека по неуспешниот референдум, Договорот од Преспа е опасна алатка во рацете на Грција.

Дескоски: Грција секогаш ќе може да се повика на неуспешниот референдум

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.