Неговиот дедо заминал во Швајцарија уште во 1966 година. Иако течно зборува четири јазици Димитар вели дека јазикот на кој се зборува во неговиот дом бил и ќе остане македонскиот.

Објавил: Македонка Димкин | 19 април, 2019 23:23

Димитар Морарцалиев, познат адвокат од Женева нов член на Македонскиот Национален Совет

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Димитар Морарцалиев е адвокат од Женева, Швајцарија, чија специјалност е деловното право. Роден е во Скопје, но најголемиот дел од животот го има минато, а и образованието го има стекнато токму во Швајцарија. Всушност, правните студии и специјализациите ги стекнува и завршува на универзитети во Париз (Франција), Луксембург и во САД. Течно говори четири јазици.

Неговиот дедо заминал во Швајцарија уште во 1966 година. Иако течно зборува четири јазици Димитар вели дека јазикот на кој се зборува во неговиот дом бил и ќе остане македонскиот.

Чест ни е што уште еден успешен човек кој со посебна љубов ги негува македонските корени се приклучи кон Македонскиот Национален Совет и цврсто сме убедени деке тој уште повеќе ќе помогне во остварувањето на веќе започнатите активности напишаа од Македонскиот Нациоинален Совет на нивната фесјбук страница

Во Македонскиот Национален Совет се приклучил  од 6 Април 2019 кога всушност и самиот лично се претставил. Неговата визија е владеењето на правото и негување на сопственото со почит кон туѓото, но пред се Македонија и македонскиот јазик.

Чест ни е што уште еден успешен човек кој со посебна љубов ги негува македонските корени се приклучи кон Македонскиот Национален Совет и цврсто сме убедени деке тој уште повеќе ќе помогне во остварувањето на веќе започнатите активности напишаа од Македонскиот Нациоинален Совет на нивната фесјбук страница

Во едно интервју за Нова Македонија Диммитар вели:

Пред една година се вратив во Женева и почнав поактивно да ги следам случувањата во Македонија и констатирав процеси што не ми се допаѓаа, па повторно се заинтересирав и се активирав. Сакам да пронајдам луѓе што ќе го освестат македонскиот народ. Штетната политика што се води триесетина години доведе до оваа штетна спогодба од Мала Преспа.

Отсекогаш сум бил заинтересиран за македонизмот, иако сум израснат и моето образование го стекнував во Швајцарија. Уште на мојата шест-седумгодишна возраст, татко ми успеваше да ме заинтересира со неговите кажувања за Македонија, но и ме поттикнуваше да читам сѐ што е поврзано со Македонија. Историјата на модерна Македонија ја немам учено на училиште, но таквите сознанија ги добивав од моите родители.

Уште од најрана возраст имав изградени ставови, зашто ме интересираше историјата – не само на Македонија туку воопшто историјата. Поактивно почнав да се ангажирам околу македонското прашање во 2007 година, кога заминав на студии во Париз.

Се почувствував осамено, одделено од семејството и се здружив со други луѓе, Македонци во Париз, па отворивме фејсбук-група за Македонија и за македонизмот. Кога завршив со студиите и започнав да ја градам професионалната кариера, малку се оддалечив од македонските прашања… Но пред една година се вратив во Женева и почнав поактивно да ги следам случувањата во Македонија и констатирав процеси што не ми се допаѓаа, па повторно се заинтересирав и да се активирав.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.