Европските фондови за инвестиции и за менаџирање со кризни ситуации навистина поволни за Бугарија и Грција, земји во кои се отвараат судски постапки за криминал

Објавил: Мартин Попоски | 9 октомври, 2018 13:43

Европски рај, и Бугарија и Грција краделе од ЕУ фондовите

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Бугарија крадела пари од ЕУ фондовите а Грција од фондот на Унијата за помош на мигрантите.

Европската комисија нема толеранција за корупција и злоупотреба на средства на ЕУ, изјави висок претставник на Европската служба за спречување измами (ОЛАФ).

Многу сериозно ги примаме сите сомнежи изразени во врска со злоупотреба на структурните фондови, ги следиме медиумските извештаи поврзани со Бугарија. – додаде тој во врска со сомнежите за прекршоци околу јавни набавки за градежништво во Бугарија.

Истиот извор информира дека ЕК ќе поднесе извештај до ОЛАФ и оти веќе се побарани податоци за овие наводи од соодветните власти.

Тој појасни дека ЕК е должна да и доставува на ОЛАФ секакви податоци за кои смета дека треба да бидат подложени на темелна проверка.

Во меѓувреме во Грција на барање на Европската комисија интерна истрага.

Врховниот суд на Грција почна истрага за можна злоупотреба при управување со европски средства, дадени на земјата за справување со мигрантската криза 2015-2016 година.

Истрагата, која досега беше “предистражна”, е доверена на финансиското обвинителство, според извор од суд.

До истрага дојде по серијата написи во проопозициските медиуми, за лошо управување и можно пренасочување на европските фондови од страна на владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...