Иако проширувањето на унијата не беше тема на конференцијата, ги искористивме сите можности да ја испратиме нашата порака. А тоа е пораката на нашите граѓани до Европа, рече Заев.

Објавил: admin@magazin | 30 април, 2019 16:06

ЗАЕВ: БИДИ ГОРДА “Северна” Македонијо, Европа го прослави нашиот успех !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Премиерот Зоран Заев по покана добиена од германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател, Емануел Макрон, вчера во Берлин учествуваше на Конференција на шефови на држави и влади од ЕУ и од земјите на Западен Балкан.

Целта на состанокот во Берлин, беше да се обезбеди дискусија за политичката ситуација во регионот на Западен Балкан. Премиерот Заев се обрати со видео порака на граѓаните на Република Македонија, задоволен од вчерашната посета во Берлин на кој присуствуваше заедно со вицепремиерот Бујар Османи, и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Премиерот рече дека иако проширувањето на унијата не било тема на конференцијата, ги искористил сите можности да ја испрати пораката на граѓаните од Република Македонија кон Европската Унија.

А тоа е пораката на нашите граѓани до Европа. Тој рече дека сме подготвени да придонесуваме уште повеќе и да бидеме јадрото на Балканот, од кое извира Европската идеа за заедништво, солидарност и соработка.

Почитувани граѓани.

„Само што се вратив од Берлин заедно со вицепремиерот Бујар Османи, и со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Ја претставувавме Македонија на конференцијата за западен Балкан во Берлин, во организација на канцеларката Ангела Меркел и Францускиот претседател Емануел Макрон.

Премиерот Зоран Заев по покана добиена од германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател, Емануел Макрон, вчера во Берлин учествуваше на Конференција на шефови на држави и влади од ЕУ и од земјите на Западен Балкан.

„Првиот најважен и најмногу нагласуван заклучок е дека успешниот договор што го постигнавме со Грција, е модел за решавање на отворени прашања и конфликти. Нашата земја и договорот беа инспирација за почетокот и крајот на речиси секоја дискусија на конференцијата, со заклучок дека соработката и стабилноста кои се суштината на заедничката Европска перспектива на регионот„

„Беше потенцирана важноста на постигнување на конечен договор за целосно нормализирање на односите меѓу Србија и Косово, како нов важен придонес кон регионалната стабилност. Се договоривме да ги интензивираме активностите за основање на регионална економија, да останеме осветени на Берлинскиот процес, и да ги поддржиме иницијативите за структурна поврзаност, слободна трговија и младински размени во регионот„.

„Иако проширувањето на унијата не беше тема на конференцијата, ги искористивме сите можности да ја испратиме нашата порака. А тоа е пораката на нашите граѓани до Европа. Дека сме подготвени да придонесуваме уште повеќе и да бидеме јадрото на Балканот, од кое извира Европската идеа за заедништво, солидарност и соработка„

Порачавме дека стабилноста и реформите кој ги испорачуваме, мора да бидат разбрани како сериозни аргументи за позитивна одлука од страна на Европската Унија, за почеток на преговорите со „Северна„ Македонија во текот на летото. 

„Презедовме одговорност за себе и за регионот, сега е време и Европската унија да превеземе чекори за Македонија и за Западен Балкан, што впрочем ќе значи одговорност кон сопствените европски народи. Во духот на соработката и интеграцијата сега е неопходно и унијата да испорача идеа„

„Почитувани граѓани бидете горди, Европа го слави успехот на нашата земја, а тоа е заеднички успех на сите вас„

Да продолжиме кон патот кон заедништвото со сите народи од Балканот и од Европа, до конечна реализација на Европската идеа за обединување, изјави во видео порака премиерот Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.