Македонија е меѓу водечките европски земји по бројност на владиниот состав, иако СДСМ додека беше во опозиција ветуваше дека ќе ги намали министерските позиции.

Објавил: Македонка Димкин | 5 март, 2019 20:00

Заев пред две години ќе ги намалиме министерствата -Денес малу се?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Еден од предлагачите на законот за ново министерство е и координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, за „Плусинфо“ вели дека тоа нема да предизвика никакви дополнителни трошоци или вработувања и оти во новото министерство ќе дојде до концентрација на неколку институции во една: Управата за афирмирање на културата на заедниците, Управата за афирмирање на образованието на заедниците итн.

Планираните средства во Буџетот од овие институции ќе се префрлат на сметката на новото министерство.

Кога се во прашање развиените европски земји, ние имаме повторно повеќе министерства. Така на  пример, шпанската влада брои 17, данската и шведската имаат по 22 члена додека пак супер економско развиената Швајцарија има седум.

Од земјите во регионот, пак, со бројност, најблиска ни е Србија чија влада заедно со премиерката Ана Брнабиќ брои 22 члена. Владата на Бојко Борисов во Бугарија, пак, е составена од вкупно 19 министри и вицепремиери. Во Хрватска тимот на премиерот Андреј Пленковиќ, брои еден член повеќе – 20. Кога се во прашање поголемите земји, пак, ние повторно имаме повеќе. На пример, шпанската влада брои 17, данската и шведската имаат по 22 члена итн.

» Двата предложени закона од страна на пратеници се согласно неодамнешното заокружување на Рамковниот договор и подготвеноста на нашето општество да прејде во следната фаза кон градење на едно општество за сите граѓани.

Ако  се направи споредба со државите кои се со слична бројност на жители, но и со земјите од регионот ние рушиме рекорди.  Владата на Словенија  има вкупно 17 члена, премиерот Марјан Шарец и уште 16 министри од кои шестмина се и вицепремиери. Во Естонија, каде има околу 1,4 милиони жители, владата на премиерот Јури Ратас е составена од 14 министри. Швајцарија, која е конфедерација, има седум министерства, еден канцелар и двајца заменици-канцелари.

Препораката за трансформација на секретаријатот за Рамковен договор во Министерство извира од извештајот на Европскиот мировен институт и ОБСЕ, поддржан од Европската комисија во своите последователни извештаи за напредокот на имплементацијата на Рамковниот договор. Тој извештај е усвоен и од минатата влада – вели Митрески.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.