Холандскиот парламент и даде на владата на Холандија отворени раце да гласа ЗА, за почнување на пристапните преговори за членоство на Македонија во Европската унија

Објавил: admin@magazin | 22 јуни, 2018 15:08

За Холандија веќе сме Северна Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Холандскиот парламент и даде на владата на Холандија отворени раце да гласа ЗА, за почнување на пристапните преговори за членоство на Македонија во Европската унија. Иако сеуште не е официјално, холандските медуми веќе не нарекуваат Северна Македонија.

Во однос на Макеоднија, истакнато е дека ситуацијата, во врска со можно отворање на преговорите за пристапување во ЕУ, е посложена, п0ради претстојниот референдум за официјална промена на името. Оттука се очекува холандскиот парламент да и даде на владата поголема слобода за преговорите со земјата, пишува холандскиот весник Де Телеграф.

Според нив, најверојатно на самитот на 28-29 јуни ќе се гласа за отворање на пристапните преговори со Македонија.

Парламентот на Холандија гласаше против отворање на преговорите за Албанија. Според повеќето пратеници, резултатите на Албанија не се доволни за да започнат со тој чекор, објави Топ Ченел.

Холандските пратеници испратија порака до Владата да не гласа во полза на предлогот на Европската комисија за Албанија, бидејќи земјата не ги исполнила условите поставени од Брисел кои се однесуваат за спречување на корупцијата и криминалот.

-Албанија не ги исполни петте приоритети поставени во извештајот за напредокот, бидејќи нема историја за правна реформа, борбата против корупцијата или борбата против криминалот. Според прогресот, не може да се отвори преговори за влез во унијата. Владата на Холандија не треба да гласа во полза на Еворпската комисија за отворање на преговорите.-истакаа од парламентот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести