147.2 милиони биле наплатени во име на компаниите, 16.5 милиони во име на граѓаните

Објавил: admin@magazin | 9 април, 2019 18:57

Извршителите за 12 години наплатиле над една милијарда евра

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Откако беа формирани пред 12 години извршителите наплатиле над 1 милијарда евра од граѓаните и компаниите. Досега на два пати беше намалена моќта на извршителите, а беа намалени и нивните награди. Во земјава на крајот на минатата година имало над 82 илјади граѓани и 29 илјади компании со блокирани сметки, анализира denar.mk.

Заклучно со 31 декември 2018-та во Македонија имало 82.029 граѓани со блокирани сметки. Во споредба со 31 декември 2017-та нивниот број е зголемен за 1.567. Во истиот период имало 29.027 компании со блокирана сметка што е намалување за 1.238.

Според последниот извештај на Комората на извршители кој се однесува на 2017-та, таа година сите извршители заедно од граѓаните и фирмите наплатиле 166 милиони и 224 илјади евра.

Но, бидејќи и граѓаните и фирмите најчесто имаат по неколку трансакциски сметки вкупниот број на блокирани сметки е многу поголем и заклучно со крајот на мината година бил 236.764.

Ова го покажуваат најновите податоци на Народната Банка.

147.2 милиони биле наплатени во име на компаниите, 16.5 милиони во име на граѓаните а околу 3 милиони во име на државата.

„Ова претставува рекорден број на наплатени средства во дванаесет годишното работење на извршителите“ се наведува во извештајот од Комората.

Во 2016-та биле наплатени 118 милиони и 964 илјади евра, Во 2015-та сумата достигнала 107 милиони и 646 илјади, а во 2014-та 107 милиони и 876 илјади евра.

Во последните 12 години, откако беа формирани, извршителите наплатиле вкупно 1 милијарда 115 милиони и 294 илјади евра!

Извршителите во 2017-та најмногу пари наплатиле на подрачјето што го покриваат основните судови Скопје 1 и 2, дури 94.5 милиони евра. По ова следат Струмица и Радовиш со 13.1 милиони, па Штип и Свети Николе со 11.3 милиони.

Најмалку пари биле наплатени на подрачјето на основните судови Прилеп и Крушево односно 2.7 милиони, па Гостивар и Кичево со 3.2 милиони и Куманово, Крива Паланка и Кратово со наплатени 4.4 милиони евра.Вкупната реализација на ниво на целата држава е 15.02%

Доколку подолго време нема прилив на блокираните сметки законот дозволува извршителите да запленат дел од имотот на должникот, но има строги правила што и како може да биде одземено.

Извор: denar.mk

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...