Историски факти и податоци

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 август, 2018 9:55

Илинденското востание во Костурско траело 75 дена

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

И Македонското население од Костурско зело масовно учество во големото Илинденско востание. 

За разлика од другите реони каде што востаничките акции траеле само неколку дена или максимум две недели – во костурско Илинденското востание траело близу три месеци без да биде задушено односно воените дејства се прекинати на 14 октомври по заповед на Главниот Востанички Штаб.

Востаниците на Чакаларов во Костурско воделе партизанска војна – која ја прекинуваат самите. До 14 октомври кога Главниот Востанички Штаб донесува одлука за престанување на воените дејства – борците учествуваат во 17 битки во кои 4.170 востаници се судриле со 30.360 турски војници.

Убиени и ранети се 83 востаници и 513 турски војници. До прекинот на борбите биле запалени 2.750 куќи или околу двасет и седум отсто од вкупниот број куќи во костурско. Без свој дом останале  15.650 души а животот го загубиле 413 луѓе убиени во одмазнички турски акции по селата. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Илинден

Претседателот Иванов на централната манифестација во Крушево со јасни пораки и за Илинден и за политичката криза која се создаде со Договот за промена на името

Иванов: “Судбината на Македонија е во рацете на самите Македонци!”

Не го прифаќам грчкиот договор кој е на штета на македонскиот национален...