На снимката може да се чуе како Зоран Заев јавно признава дека ја помагал телевизијата на Боки Јовановски кој пак е главно осомничен за Рекет заедно со Катица Јанева

Објавил: Македонка Димкин | 12 февруари, 2020 12:27

И Милошоски почна да „фрла бомби„ и тоа директно во Собрание!

Фото/Текст извор: ©фотомонтажа гугл / магазин

Антонијо Милошоски пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на собраниската расправа во Комисијата за европски прашања штотуку презентираше аудио снимка на која по се изгледа може да се препознае гласот на поранешниот  премиерот Зоран Заев кој и тогаш беше избран противзаконски

На снимката може да се чуе како Зоран Заев јавно признава дека ја помагал телевизијата на Боки Јовановски кој пак е главно осомничен за Рекет заедно со Катица Јанева. Заев вели дека помошта била во пари поточно околу маркетингот на телвизијата, но и дека Бојан Јовановски земал пари од бизнисменот Силјан Мицевски.

Од снимката која Милошоски вели дека ја добил од свиркач кој го замолил да се објави со цел јавноста да биде запознаена со неправдите, стои дека помагањето на телевизијата била неколкукратна, но и дека цело време екс премиерот бил во комуникација со главно осомничениот за Рекет, што е во спротивност со тврдењата на Заев дека тој немал никаква комуникација со Боки Јовановски.

Милошоски ваквата аудио снимка ја презентираше токму на седницата на комисијата каде се дискутира спорниот закон за јавно обвинителство, каде власта е во обид да ја скрие амнестија на Заев од евентуални бомби и снимани разговори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести