Отец Пимен по изјавата дека Црквата е над политиката и не смее да го менува своето име и името на државата, за 3 месеци го промени ставот, па смета дека Северна и не е лоша идеја

Објавил: Мартин Попоски | 18 септември, 2018 6:49

И отец Пимен “премина” од другата страна?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Со поддршка за престојниот референдум излезе и Отец Пимен.

Свештеникот во видео изработено од страна на коалицијата „Излези ЗА европска Македонија“, повика на излезност и поддршка на референдумот со глас „За“.

Во овие историски моменти за Македонија, кога одлучуваме за иднината на нашата земја, потребно е секој секому да подаде рака, да ги надминеме сите оние разлики и кавги, меѓу нас кој се појавуваат и да се обединиме во идејата за европска иднина на нашата земја. Ова е историска шанса која што не смееме да ја пропуштиме, затоа на 30-ти ќе излезам и ќе го дадам својот глас „ЗА“. – вели Отец Пимен во видеото.

Отец Пимен веќе подолго време жари и пали во Дијаспората каде што треба да богослужи. Пред извесно време тој со заканил до Македонците во Швајцарија дека„ Од црквата ќе направи Музеј„ укажувајќи на тоа дека тој и само тој може да го има главниот збор. Пимен е љубител на моќни коли, не ние познато за евентуално негови хуманитарни активности

Покрај Отец Пимен, со поддршка за референдумот излегоа Жан Митрев, Орце Камчев, Наумче Мојсоски, Викторија Лоба, Митко Јанчев, актуелниот потпретседател на ВМРО – ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци како и поранешниот министер за здравство од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Тодоров, кој рече дека ќе излезе, но нема да гласа „За“.

Ставот на Пимен не е јасен, затоа што е дијаметрално спротивен од оној искажан на 29 мај оваа година, која јасно посочи дека нема да прифати промена на Уставото име на Република Македонија.

Пимен тогаш изјави:

Ние искрено се надеваме дека нема да отстапиме од нашето уставно име. Ако на крајот мнозинството надвладее за да одлучи да се промени, во името на црквата ние секако тоа не би го инкорпорирале во нашето име. Нашето име е Македонска православна црква бидејќи се врзува со нашиот идентитет, а не со мноштвото на народи кои ги имаме.

Црквата треба да стои над политиката и нема да посегне по тој чекор да го промени своето име, затоа што имаме ние и еклисиолошко име Охридска Архиепископија, имаме национално име како Македонска православна црква. – изјави Владиката Пимен, Митрополит на Европската епархија на МПЦ – ОА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести