Експертите велат, власта потфрлила по ова прашање

Објавил: admin@magazin | 27 април, 2019 12:41

Капиталните инвестиции доживејаа фијаско, Заев не знае зошто

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Капиталните инвестиции доживееја фијаско. Во официјалниот извештај на Министерството за финансии реализацијата на капиталните инвестиции за првите три месеци заклучно со месец Март е едвај 6 %. Експертската јавност коментира дека Владата на чело со СДСМ и Зоран Заев потфрлија огромно во делот на економските политики и дека земјата ги доживува најтешките економски моменти, пишива Лидер.мк.

Владата лани ветуваше инвестициски и градежен бум, но сите економски индикатори го покажуваат сосема спротивното со што голема е веројатноста дека проекциите за економски раст и оваа година ќе потфрлат во голема мера.

Имено, Владата ветуваше дека оваа година ќе биде економска година со оглед на фактот дека 2018 година беше година на политички промени но според сите податоци економијата во Македонија е на дното во Европа и во Балканот.

Тенденцијата за катастрофална реализација на капиталните инвестиции ја следи оваа Влада уште од првата година од мандатот но тогаш изјавите на министерот за финансии Драган Тевдовски и на Премиерот Зоран Заев беа дека лошата реализација е резултат на наталожените проблеми од претходната власт.

Според економистите 2018 година беше катастрофална во однос на капиталните инвестиции односно изнесуваше едвај 50 % и таа тенденција се прелеа и во 2019 година со што се потврдува дека економскиот тим на СДСМ воопшто нема визија во делот на економијата и подобрување на стандардот на живеење.

Во јавноста излегоа огромен број на критики од истакнати економисти и познавачи на економијата за незаинтересираноста на Владата да почне со суштински промени во економијата и да ги исполни ветувањата кои ги даваше пред да дојде на власт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...