Севе и Игор се уште се во среќен и стабилен брак и покрај прогнозите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 мај, 2019 11:37

“Кеба се однесува како да и е сопруг на Северина”- соседите открија каков свекор е Кеба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата хрватска пејачка Северина веќе четири години е во брак со синот на фолкерот Кеба, Игор Којиќ иако многумина прогнозираа дека Северина ќе го остави Игор уште по една година.

На нејзината свадба беше забрнает влез за новинарите, медиумите, фоторепотерите

Севе и Игор се уште се во среќен и стабилен брак и покрај прогнозите. Северина често пати кога е во Белград, го посетува станот на свекорот Кеба, а во населбата каде што живее тој неговите соседи открија многу работи за нивното семејство. Тие најпрво изјавиле дека Кеба многу се променил откако хрватската пејачка Северина му станала снаа.

Да ме прашавте за Брена, Боба, Саша Поповиќ … па да ви кажам нешто убаво. Вака, навистина немам што, Порано Кеба беше подостапен, посрдачен, се јавуваше и се поздравуваше. Меѓутоа, тоа веќе не е случај. Обично става очила, па се прави дека никого не гледа, или зборува на телефон и се нешто се брза, рекол еден од соседите.

Вработените пак од локалната продавница, рекле дека Кеба одсекогаш бил арогантен, но откако Северина му станала снаа тој е уште поарогантен.

Тој се однесува како Северина да е негова сопруга, а не на Игор, треба да го видите како изгледа кога ќе излезе со неа на улица, го крева носот и мисли дека е Бог. Толку е полн со себе, што е неподносливо, рекле вработените.

Популарниот пејач Драган Којиќ Кеба пред венчавката на Игор и Севе имаше различни коментари за љубовта меѓу нив, но на крајот откри дека е пресреќен.

 „Секако дека сум среќен за венчавката на Игор со Северина . Го има мојот благослов и изборот на неговото срце е и мој избор“, рече Кеба пред венчавката за еден хрватски портал.

Кога се дозна за љубовта на Севе и Игор многумина беа уверени дека тоа нема да трае долго, но очиглено не беа во право.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.