Марија Склодовска Кири е прва добитничка на две Нобелови награди и тоа за различни области за Физика во 1903 година и за Хемија во 1911 година

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 август, 2018 8:28

Марија Кири прва на листата “Сто жени што го променија светот”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

“Француската научничкка со полско потекло Марија Кири се најде на правото место на листата на “Сто жени што го променија светот” што ја изготви британскиот магазин “Хистори” врз основа на гласовите на неговите читатели.

Марија Кири родена Склодовска е прва во светот која доби две Нобелови награди – за физика во 1903 година и за хемија во 1911 година.

На второто место на листата се најде американската активистка за човекови права Роза Паркс која се прослави со одбивањето да му отстапи место на белец во автобус со што ја поттикна борбата за правата на црнците во САД а на третото Емелин Панхерст која се бореше за правото на глас на жените.

Четврта на листата е британската математичарка и пионерка на компјутерското програмирање Еда Лавлејс пред нејзината сограѓанка Роселин Френклин која е заслужна за дешифрирање на милекуларната структура на ДНК.

Меѓу првите 20 на листата на “Сто жени што го променија светот” се најдоа и поранешната британска премиерка Маргарет Тачер – писателката Џејн Остин – принцезата Дајана – првата жена што го прелетала Атлантскиот Океан Амелија Ерхарт и мајка Тереза.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести