Посебниот советник на Заев за комуникации и односи со јавноста имаше "испад" кон новинарите за време на лидерската средба

Објавил: Мирко Бачиќ | 18 јули, 2018 19:04

Марјан Забрчанец јавно ги “строи” медиумите!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По реакции на дел од новинарите и медиумите кои ја покриваат лидерската средба на социјалните мрежи се огласи и Ивор Мицковски – некогашниот висок член на СДСМ кој на својот ФБ профил го опиша односот на Марјан Забрчанец.

Владината служба за информации не дозволува фоторепортерите и снимателите да ги снимаат лидерите. Откако неколкумина се побунија Марјан Забрчанец од Кабинетот на премиерот им дофрли: “Единаесет години ве газеа, ќутевте, а сега ли најдовте да зборите”. Шамари се јадат за вакви изјави. – искоментира на својот ФБ пост Мицковски.

Но дали овој испад на Забрчанец ќе биде осуден од страна на новинарската фела и колку медиумите и новинарите ќе смеат да го пренесат недоличниот однос на првиот човек на Заев токму за соработка со нив и дали од кабинетот на премиерот ќе следи и официјално извинување останува да видиме.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...