Како што пренесе Дејли Меил, Маркл изјавила денеска дека не ѝ било забрането да учествува на состанокот во Сандрингем, туку таа и Хари одлучиле дека не е неопходно да се вклучува од Ванкувер.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 јануари, 2020 21:36

Меган Маркл се огласи по целата драма во кралското семејство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По скандалот во кралското семејство се огласи и сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл.

Во октомври, Маркл низ солзи кажа дека е неиздржливо да се биде нова мајка која постојано е во фокусот на јавноста.

Како што пренесе Дејли Меил, Маркл изјавила денеска дека не ѝ било забрането да учествува на состанокот во Сандрингем, туку таа и Хари одлучиле дека не е неопходно да се вклучува од Ванкувер.

Војвотката вчера не се вклучила на вонредниот состанок поради тоа што така одлучил војводата од Сасекс .

Инаку вчера британските принцеви Вилијам и Хари соопштиле денеска дека ги демантираат шпекулациите дека браќата се во лоши односи, како што пренесоа голем број британски медиуми.

Тие навеле дека покрај јасните негирања на тие наводи во британскиоте медиуми се појавила лажна приказна за односите на војвотката од Кембриџ и војводтката од Сасекс.

– За браќата кои толку водат сметка за прашањата која станува збор за менталното здравје, употребата на злобните јазици на овој начин е навредливо и потенцијално штетна, се наведува во соопштението.

За потсетување, Хари и Меган ја соопштија својата одлука по враќањето од шестнеделниот семеен одмор во Канада и Велика Британија. Тие велат дека за ова размислувале со месеци, откако претходно признаа дека тешко се носат со медиумското внимание.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.