Амбасадорот на САД, Џес Бејли и министерот за култура Асаф Адеми го отворија Симпозиумот за менаџмент во културата

Објавил: admin@magazin | 5 јуни, 2018 20:30

Министерот Адеми со амбасадорот Бејли

Фото/Текст извор: ©Министерство за култура

Денес и утре во Скопје, се одржува Arts Symposium (Симпозиум за менаџмент во уметноста) кој го организира Амбасадата на САД во Р. Македонија, во соработка со Министерството за култура на Република Македонија  и ЗГ Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата од Скопје .

Симпозиумот го отвори амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли и министерот за култура Асаф Адеми.

Амбасадорот Бејли го поздрави првото официјално обраќање на новиот министер за култура Адеми, и го поздрави Симпозиумот искажувајќи уверување дека овие два дена ќе придонесат за размена на искуства за унапредување на културата во Македонија. Тој зборуваше за важноста на културата, за тешкотиите и предизвиците, за креативноста и економската одржливост во оваа сфера.

Министерот за култура Асаф Адеми рече дека процесите кои се тема на Симпозиумот ќе ги зајакнат капацитетите на овдешните мрежа на менаџирање во културата и ќе помогнат за следење на светските трендови во сферата на организацијата и на финансирањето на програмите од културата.

Главни предавачи на Симпозиумот се гостите од САД Авива Розентал – заменик директор од Канцеларијата за меѓународна соработка при музејот Смитсониан во Вашингтон, Филип Хорн – поранешен извршен директор на Советот за уметност од Пенсилванија и Ален Наус – актер и некогашен директор на Театарот на Уметниците во Портланд, Орегон.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.