Нема крај на политички пресметки во Министерството за култура

Објавил: Стефан Каневче | 20 март, 2019 13:00

Пандевска: Комисијата за култура под влијание дозволи културни обележја да останат без денар

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Композиторката Ана Пандевска, која гостуваше во емисијата Отворена на Алфа, реагираше на скандалозната распределба на средствата во Годишната програма на Министерството за култура. 

Зошто, едноставно, овие членови на комисијата кои не се согласуваат со скандалозната распределба на парите, не одбија и не си заминаа од ова тело, прашува композиторката Ана Пандевска.

Ана Пандевска е особено значајна за современото македонско музичко творештво од причина што таа црпи инспирации од секојдневните збиднувања, од општествените, од социјалните, од емотивните врски помеѓу луѓето. Така на пример „Живот во кутија“ е композиција којашто е посветена на случајот на новинарот Томислав Кежаровски, или, пак, има една друга која е инспирирана од крвавите настани во Куманово.

„Денови на македонската музика“ е планирано да се отвори на 6 април со гости од Австрија , но што ќе се преземе ќе зависи од одговорот на министерот за култура. 

Роковите за поднесување жалби и времето потребно за разгледување на истите ја стават под знак прашање реализацијата на традиционалниот фестивал “Денови на македонска музика“ кој оваа година се одржува во 42. пат.

-Составот на комисијата само го потврдува фактот за отсуство на знаење на тие кои одлучуваат за тоа што значи едно културно-уметничко обележје за една држава. За да бидат дел од комисијата тие луѓе треба да се сериозно инволвирани во уметничките кругови. Ако во овој случај некои повисоки инстанци влијаеле врз одлуката кој ќе ги добие парите, тогаш таа комисија, или нејзините членови, не ги спречува никој да си заминат од позициите и јасно да кажат дека не сакаат да се дел од вакви распределби, додава Пандевска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.