Во нападот се повредени најмалку 20 лица

Објавил: Данаил Михајловски | 22 септември, 2018 10:43

Најмалку осум војници загинаа во напад на воена парада во иранскиот град Ахваз

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку осум војници се убиени денеска во нападот врз учесниците и гледачите на воена парада во југозападниот ирански град Ахваз.

Во нападот се повредени најмалку 20 лица, вклучувајќи и жена и дете. Ранетите се во критична состојба.
Локалните медиуми информираат дека две лица отвориле оган и тоа прво кон гледачите и војниците, а потоа се обиделе да стрелаат кон гостите на официјалната трибина, но биле неутрализирани од страна на силите на редот. Се претпоставува дека притоа напаѓачите се повредени.

Напаѓачите дошле со мотоцикл и биле со униформи со каки боја, ​​наведуваат американските медиуми.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, извршен на денот кога Иран ги празнува своите вооружени сили.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести