Во самоубиствен напад во близина на собир посветен на убиениот поранешен антисоветски муџахедински командант Ахмад Шах Масуд, убиени 7 лица а повредени 25

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 септември, 2018 8:50

Најмалку седум лица загинаа во самоубиствен напад во Кабул

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку седум лица загинаа, а 25 се повредени во денешниот самоубиствен напад во Кабул, во близина на собир посветен на убиениот поранешен антисоветски муџахедински командант Ахмад Шах Масуд.

Бомбашот самоубиец бил на мотор кога го активирал експлозивот, неколку часа откако полицијата во Кабул спречила друг осомничен напаѓач да детонира експлозивна направа.

Повеќето главни сообраќајници во Кабул се блокирани од полицијата.

Масуд бил таџакистански лидер, кој е убиен во самоубиствен напад во 2001 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести