Во два одделни напади од бомбаши самоубијци во Кабул, Авганистан, животот го загубија најмалку 20 лица а над 100 се тешко повредени

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 септември, 2018 6:54

Најмалку 20 загинати во двоен самоубиствен напад во Кабул

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку 20 луѓе загинаа, а 100 се повредени во двоен самоубиствен бомбашки напад врз спортски клуб во шиитски кварт во главниот град на Авганистан, Кабул. 

На местото на инцидентот откако пристигнале брза помош, полицајци и новинари одекнала уште една експлозија.

Меѓу загинатите има двајца новинари.

Се уште никоj не презеде одговорност за нападот врз боречкиот клуб.

За претходните напади врз шиити во Авганистан одговорноста ја преземаше авганистанскиот огранок на сунитската група Исламска држава. Во април бомбаш самоубиец активира експлозив врз новинари во Кабул, при што загинаа деветмина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести