Јапонскиот дел од штафетата на олимпискиот факел е предвидено да започне во Фукушима на 26 март, а неодамнешната церемонија на палење во античка Олимпија се одржа без гледачи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 март, 2020 18:02

НЕМА ОДЛОЖУВАЊЕ И ПОКРАЈ КОРОНАВИРУСОТ: Олимписките игри ќе се одржат според планот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека Олимпијадата во Токио ќе се одржи на датумот кога и е закажана, во јули, и покрај короната на вирусот, поради кој беа одложени голем број квалификациски натпревари.

„Ќе го надминеме ширењето на заразата и ќе бидеме домаќин на Олимпијадата без никакви проблеми, како што беше планирано“, рече Абе, додавајќи дека конечната одлука ќе ја донесе Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

Современите Олимписки игри (француски: Jeux olympiques) се водечки меѓународен спортски настан на летни и зимски спортски натпревари во кои илјадници спортисти од целиот свет учествуваат на различни натпревари. Олимписките игри се сметаат за најистакнат светски спортски натпревар со повеќе од 200 земји учеснички.Олимписките игри се одржуваат на секои четири години, со летни и зимски игри кои наизменично се одржуваат секои четири години, но со две години разлика помеѓу нив.
Нивното создавање било инспирирано од Античките олимписки игри, кои се одржувале во Олимпија, од 8 век п.н.е. до 4 век од нашата ера. Баронот Пјер де Кубертен го основал меѓународниот олимписки комитет (МОК) во 1894 година. МОК е управниот орган на олимпиското движење, со Олимписката повелба за дефинирање на неговата структура и власт.

Јапонија има повеќе од 1.400 случаи на заразени од коронавирус, од кои досега пoчинале 28 лица.

Олимписките игри во Токио се очекува да чинат повеќе од 10 милијарди евра.

Јапонскиот дел од штафетата на олимпискиот факел е предвидено да започне во Фукушима на 26 март, а неодамнешната церемонија на палење во античка Олимпија се одржа без гледачи.

„Преземаме детални мерки за носење на факелот во нашата земја“, рече гувернерот на Токио, Јурико Коике.

Многу квалификациски турнири за Олимпијадата се одложени, а некои ќе се одржат според закажаното, како што е боксот во Лондон во сабота.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести