Деталите за одложувањето веројатно ќе бидат познати следниот месец. Ова го потврди членот на Меѓународниот олимписки комитет Дик Паунд за „USA Today“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 март, 2020 20:00

ОФИЦИЈАЛНО: Олимписките игри поради Коронавирусот се одложуваат за 2021!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk извор-фото Курир.рс

Олимписките игри во Токио ќе бидат одложени до 2021 година, потврди денеска Дик Паунд, член на Меѓународниот олимписки комитет и еден од најистакнатите членови на овој тим.

Современите Олимписки игри (француски: Jeux olympiques) се водечки меѓународен спортски настан на летни и зимски спортски натпревари во кои илјадници спортисти од целиот свет учествуваат на различни натпревари. Олимписките игри се сметаат за најистакнат светски спортски натпревар со повеќе од 200 земји учеснички.Олимписките игри се одржуваат на секои четири години, со летни и зимски игри кои наизменично се одржуваат секои четири години, но со две години разлика помеѓу нив.Нивното создавање било инспирирано од Античките олимписки игри, кои се одржувале во Олимпија, од 8 век п.н.е. до 4 век од нашата ера. Баронот Пјер де Кубертен го основал меѓународниот олимписки комитет (МОК) во 1894 година. МОК е управниот орган на олимпиското движење, со Олимписката повелба за дефинирање на неговата структура и власт.

Деталите за одложувањето веројатно ќе бидат познати следниот месец. Ова го потврди членот на Меѓународниот олимписки комитет Дик Паунд за „USA Today“.

„Врз основа на сите информации што се моментално достапни на МОК, скоро е решено Игрите да бидат одложени“, рече Паунд. „Понатамошните чекори сè уште не се дефинирани, но Игрите нема да започнат на 24 јули, колку што знам. Сите детали ќе ги дознаеме во фази. Ние ќе ги одложиме Игрите и ќе започнеме полека да се справуваме со сите последици од оваа одлука “.

Коментарот на Паунд дојде веднаш откако претседателот на МОК, Томас Бах рече дека одложувањето на Игрите било разгледано.

Официјална изјава од Меѓународниот олимписки комитет ќе биде објавена наскоро.

Како што беше објавено вчера од МОК предвидено е да определи нов датум за Игрите следниот месец, и тие да бидат закажани од 24 јули до 9 август.

Во последниве денови, сè повеќе национални федерации и олимписки комитети побараа Игрите да бидат одложени за подобри времиња, поради пандемијата на коронавирус.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.