Зоран Шапуриќ во невладината "Мултикултура" е заедно со Вулнет Зенки адвокат и негов долгогодишен пријател но и претседател на Управниот одбор на организацијата

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 август, 2018 14:29

“Непостоечката” невладина на Шапуриќ со пари и од Министерството на Царовска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска наместо првенствено да води грижа за детската заштита социјалната заштита и се што е во надлежност на министерството за труд и социјална политика таа бара начин како невладините организации да добијат што поголем износ на државни пари.

Со Оперативниот план за вработување кога власта беше предводена од ВМРО – ДПМНЕ финансиите се распределуваа за отворање на детски градинки а со ревидирање на Оперативниот план во 2017 година парите се распределуват за финансирање на невладиниот сектор.

Од оперативниот план може да се види и на кои невладини организации добиле парични средства од државата. Имено станува збор за невладини организации блиски до луѓе на СДСМ или пак се активисти на партијата.

Самата Царовска работеше во невладината организација”ХЕРА” која практично е на листата избрани организаци на Агенцијата за вработување а невладината “Мултикултура” од Тетово исто е на листата на Агенција за вработување. Истата доби и грант од последниот повик за навладини организации објавен од страна на Министерството за одбрана.

Министерот Зоран Шапуриќ беше наведен како заменик претседател на невладината се до објавата на аферата по што беше избришано неговото име од интернет страницата.

Од неговиот кабинет потоа испратија и демант дека тој никогаш не бил член на невладина организација иако неговото име како дел од управниот одбор на здружението уредно стои во ревизорските извештаи на “Мултикултура” кои се потпишани од овластената ревизорска куќа РСМ Македонија од ревизорите Војдан и Стојан Јорданов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести