Денеска и министерката за образование и наука Мила Царовска заедно со својот сопруг однесоа својот син третооделенец на училиште.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 октомври, 2020 10:22

Не ја вади маската, држи растојание и често миј раце”- Мила Царовска го однесе синот на училиште!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Деенска започна новата учебна година во државата, а ќе ја започнат почнат 270 000 средношколци и основци, меѓу кои 19 илјади првачиња. Во 600 училишта во државата се одржува настава со физичко присуство, a за останатите е достапно учење на далечина, преку онлајн платформата и со емитување на часови на македонски и на албански јазик на националната телевизија.

Министерката з аобразование и наука Мила Царовска го однесе својот син на училиште. Таа порача да се почитуваат мерките за заштита предвидени за работа на образовните установи….

Денеска и министерката за образование и наука Мила Царовска заедно со својот сопруг однесоа својот син третооделенец на училиште. Таа на својот официјален Фејсбук профил објави фотографии со кои му посакува успех на својот син, а воедно и апелира до останатите да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид 19, за да може непречно да се одвива учебната година.

„Направи го различното интересно и почитувај ги новите правила. Не ја вади маската, држи растојание од другарчињата и често миј раце”- му порачав на син ми Давид, кој денеска започнува трето одделение.
Ова е мојата порака и до сите деца кои денеска седнуваат за училишните клупи. Бидете внимателни, заштете се себе, а со тоа ги чувате и сите околу вас. Почитувајте ги наставниците и грижете се едни за други. Оваа училишна година е навистина различна, Ковид ни наметна нови правила. Но, не дозволувајте ништо да ве спречи да продолжите да учите, да се развивате и да ги следите своите соништа. Среќно!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести