Владата го задолжи Министерството за здравство и Министерството за транспорт и врски за да ги дефинираат задолженијата и надлежностите на јавните претпријатија во земјава.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 мај, 2019 11:27

Ново задолжување на Владата, овој пат за изградба на новиот Клинички центар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вчерашната 134. седница на Владата, беше усвоена информацијата за изградба на новиот универзитетски клинички центар, пишува Нова Македонија. 

Но она на што реагира јавноста е новото задолжување на Владата, која издала задолжение на Министерството за финансии, во соработка со Министерството за здравство, да подготви оглас за барање заем за изградбата на новиот Клинички центар. Како што соопштија планот е да се земе заем од финансиски институции, билатерални кредитори или странски комерцијални банки.

Новиот клинички Центар ќе има поголем капацитет на болнички легла, а ќе се гради на 102.000 метри квадратни

Во исто време, Владата го задолжи Министерството за здравство и Министерството за транспорт и врски за да ги дефинираат задолженијата и надлежностите на јавните претпријатија во земјава.

– Приоритет е изградба на достапен, квалитетен и долгорочно одржлив систем на здравствена заштита што ќе обезбеди врвни услови за работа на медицинскиот кадар, за негов развој во струката. На овој начин ќе се обезбеди и беспрекорна услуга на граѓаните. По спроведени анализи, а врз основ на студијата за изводливост на проектот за преместување на универзитетски клинички центар, како и податоците доставени од клиниките е предложен концепт на интегриран објект кој би можел да се развива на пет нивоа со потребна квадратура од апроксимативни 102.000 метри квадратни за потребните 1300 болнички легла, 20 операциони сали, 4 ангиогравски сали, 8 родилни сали и 65 амбулантни за специјалистичко консултативна дејност, соопшти Министерството за здравство.

Усвоен беше планот за изградба на интегриран објект до пет ката, со околу 102.000 квадратни метри површина, а ќе располага со болнички 1300 легла. Иако имаше повеќе шпекулации за тоа каде ќе се гради новиот Клинички Центар, во февруари годинава, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека ќе се гради во Ѓорче Петров.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести