Одлуката на Советот на Град Скопје, на предлог на градоначалникот Шилегов, паркингот во Комплексот Клиники да поспаки од 300 на 800 денари, денес резултираше со протести

Објавил: Мартин Попоски | 11 декември, 2018 11:52

Вработените во Клинички ќе ја блокираат наплатата на паркингот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Вработените во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ од утре ќе ја блокираат наплатата на паркингот ако не им се врати повластената цена за перкирање.

Огромен дел од медицинскиот персонал вработен во Клиничкиотт центар денеска од 10 до 10:30 часот го искористија времето за пауза протест поради поскапување на паркингот за вработените.

Тие се собраа кај хелиодромот за да ги искажат своите барања, од кои нема да отстапат се додека не биде повлечена одлуката.

Паркингот на Клинички центар е сопственост на Македонија, а не на „Градски паркинзи Скопје“. Очекуваме дека одлуката ќе биде повлечена, а градоначалникот Шилегов да внимава во своите изјави. Следниот чекор за нашиот револт ќе го изнесуваме пред наплатен центар.

Од 10 до 10:30 часот ќе ја блокираме наплатата за излез од Клинички центар. Да знаат сите, дека во тој период ние ќе блокираме наплатата. – порачаа вработените.

Вработените се против вчерашната одлука на Град Скопје да го поскапи паркирањето за вработените на скопските клиники од 350 на 800 денари, за кои велат дека влијаат на нивниот буџет.

Градоначалникот Петре Шилегов, одлуката ја образложи со објанување дека со истата ќе се реши сообраќајниот хаос бидејќи се издадени 1.500 месечни карти, за кои вработените плаќаат повластени 300 денари, во услови кога на паркингот има 670 места.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести