Министерството за култура објави Конкурс за 2019 година за националните установи од областа на културата

Објавил: admin@magazin | 14 јуни, 2018 21:21

Објавен Конкурс за нацрт-годишна програма за националните установи

Фото/Текст извор: ©kultura.gov.mk

Министерството иинформира дека во согласност со член 70 од Законот за културата, националните установи во јуни во тековната година за наредната година доставуваат до Министерството за култура нацрт-годишна програма за работа на установата.

Во нацрт-годишната програма се содржани средствата потребни за: програмски активности, оперативни трошоци на установата, плати и други надоместоци за вработените и за надворешните соработници кои ќе се ангажираат за остварување на програмата, материјалните трошоци и трошоците за инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема за установата.

Нацрт-годишната програма содржи проекти со спецификација на трошоците по намени и активности. Образецот за нацрт-годишната програма и обрасците за поединечните проекти по одделни дејности треба да се преземат од веб-страницата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk), да се пополнат електронски со впишување податоци на означеното место и да се заверат со печат на установата и со потпис на овластеното лице. За секој поединечен проект се пополнува посебен образец од соодветната дејност.

– Со обрасците може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектите за кои установата цени дека е потребно да ги достави. Документите/ материјалите доставени со обрасците не се враќаат. Укажуваме дека нема да бидат разгледувани нецелосно пополнети и некомплетни обрасци – без приложени документи, соопшти Министерството за култура.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.