На фестивалот ќе настапат Пол ван Дајк, „Смат“, „Соник спишис“, „Ху-си“, „Трап да фак-ап“, Френки и многу други

Објавил: admin@magazin | 4 јуни, 2018 12:36

Позната програмата на „Д фестивал 2018“

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

„Д фестивал“, кој ќе се одржува од 6 до 8 јули во Дојран, е единствениот летен музички фестивал на отворено во Македонија, кој во својата тридневна музичка програма, покрај „Архангел“ веќе ги потврди и настапите на бројни музички ѕвезди од светската, регионалната и домашната сцена како што се Пол ван Дајк, „Смат“, „Соник спишис“, „Ху-си“, „Трап да фак-ап“, Френки, „Културно уметнички работници“, „Бркови“, „Хелем нејсе“, „Коала војс“, „Палиндром“, „Конспираси“, „Ки“, „Последен удар“, „Ар-Џи-Би“, „Кат јор нипл“, „Ана О“, „Мен ин а сјут“, „Ридјусд ту ешис“ и уште многу други кои наскоро ќе бидат објавени.

Покрај музичката програма која се одвива паралелно на четири фестивалски бини, „Д фестивал“ секоја година подразбира и раскошна разновидност на настани и случувања во дополнителната програма во ПлоштАРТ зоната и фестивалскиот камп, која вклучува филмски проекции, уметнички изложби и инсталации, работилници, дискусии, спортски активности и мноштво забавни содржини.

Освен тоа, покрај веќе најавените артисти, ова лето на „Д фестивал“ во Дојран се очекуваат уште голем број музички изведувачи чии настапи ќе ја исполнат програмата на четирите бини на фестивалот, но и подеднакво атрактивна и обемна листа на специјални гости и учесници во дополнителната програма.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.