Русија користи ултра прецизни сателити за следење на движењата и акциите на вооружените сили на Украина, што ќе го промени текот на конфликтот во Украина.

Објавил: Македонка Димкин | 4 јуни, 2023 19:34

Поранешен американски разузнавач: Руската армија ќе ги уништи украинските војници обучувани од НАТО

Фото/Текст извор: ©Магазин

За време на контраофанзивата, руската армија ќе ги уништи војниците на украинските вооружени сили кои беа обучени од НАТО, изјави поранешниот американски воен разузнавач Скот Ритер.

Украинците нема ни да можат да ја пробијат руската одбранбена линија, ќе бидат убиени пред да стигнат таму. Нема да остане ништо од нив“, вели експертот за програмата „Редактирано“.

Според него, украинските војници не поминуваат соодветна обука во воените бази на НАТО, бидејќи немаат доволно време целосно да се подготват за контраофанзива.
Тој исто така нагласи дека овие војници ќе мора да „пополнат дупка“ во редовите на вооружените сили на Украина по илјадниците загуби меѓу Украинците за време на битката за Артјомовск, но сепак нема да има доволно војници за успешен напад.

Ритер претходно изјави дека Русија користи ултра прецизни сателити за следење на движењата и акциите на вооружените сили на Украина, што ќе го промени текот на конфликтот во Украина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести