Визер ќе биде одговорна авио компанија која ќе ги превезува патниците до овие градови во Европа.

Објавил: admin@magazin | 15 март, 2019 13:10

По цени од 20 евра до Малме и Милано ќе се лета од понеделник

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Од понеделник стартуваат директните авиолинии до шведскиот град Малме и градот на модата Милано, од Охрид.

Визер ќе биде одговорна авио компанија која ќе ги превезува патниците до овие градови во Европа. Се најавува дека билетите ќе бидат уште поефтини, затоа што се работи за нивно субвенционирање, откако „Виз ер“ го доби новиот оглас на Министерството за транспорт и врски.

Поставен услов беше да се добијат петте милиони евра во наредните три години беше воведувањето на нови линии, особено од Охрид.
Од „Виз ер“ во утринските часови објавија дека во јули ќе биде донесен и петти авион.

„Виз ер“ веќе еднаш укина неколку евтини летови, како последица на немање на договор со Владата на Република Македонија.

Виз Ер Унгарија е унгарска нискобуџетна авиокомпанија со седиште во Аеродром Лиц Ференц Будимпешта.
Авиокомпанијата обично опслужува споредни аеродроми низ Европа, Израел и Обидинетите Арапски Емирати. Има најголема флота од сите унгарски авиокомпании, иако не е државен авиопревозник. Моментално опслужува 42 земји.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.